Центар за управување со промени

За нас

Центарот за управување со промени (ЦУП) е независна и непрофитна тинк-тенк организација која е посветена на поттикнување добро управување и реформа на јавната администрација преку истражувања, анализи, дебати и директна поддршка на институциите во градење и зајакнување на нивните капацитети.Истражувањата на ЦУП кои имаат сеопфатен, интердисциплинарен пристап и темелна методологија претставуваат сериозна основа за подобрување на јавните политики, управувањето со институциите и организациските процеси.Клучни области во кои ЦУП работи се: Добро управување и реформа на јавна администрација (транспарентност, отчетност, јавни услуги и јавни политики), оптимизација и дигитализација на процеси и системи, воведување на стандарди за квалитет во работењето, парламентарна демократија и европски интеграции.

Повеќе за нас keyboard_arrow_right

Последни новости

Дискусија со претставници на институциите по ондос на новите закони за вработени во јавниот сектор и административни службеници

Дата: 27.09.2025

На 25 и 26 септември во Велес се одржа дискусија за нотирање на предизвиците во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници. на средбата присуствуваа претставници од Министерството за јавна администрација, Агенцијата за администрација и Државниот управен инспекторат. Средбата беше организирана од центарот за управување со промени во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democrasy NED.  На средбата, во атмосфера на конструктивен дијалог, се дискутираше за можните решенија кои ќе бидат дефинирани во подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за администраивните службеници. Дискусијата беше насочена кон нотирање на клучните елементи кои треба да бидат дел од подзаконските акти, а врз основа на кои ќе се обезбеди стратешки пристап во управувањето со човечките ресурси во администрацијата, заснован на заслуги, јасни и прецизни критериуми за вработување, унапредување и мобилност во јавната служба, соодветни индикатори за мерење на ефектите од работата и остварувањето на институционалните приоритети, како и дефинирање на механизмите за одговорност, отчетност и транспарентност во постапувањето. На средбата и претходеше анализата на ЗАС и ЗВЈС која ја подготви ЦУП, а која можете да ја прочитате на следниов линк: https://cup.org.mk/publication/policy-paper-analysis-of-laws-on-public-sector-employees-and-administrative-officials 

Ново исражување - Знализа на законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници

Дата: 24.09.2025

Предмет на оваа анализа се новите решенија во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Целта на анализата е да се направи споредбен преглед на старите и новоусвоените закони кои ја регулираат областа на јавниот сектор и да се оценат точките на напредок или пак уназадување во однос на старите законски решенија. Овој преглед претставува сублимат на долгогодишните заложби и мислењата на Центарот за управување со промени (ЦУП) во насока подобрување на системот кој ги уредува прашањата од областа на јавната администрација, а кои се изнесени во анализите, документите за политики или извештаите кои ЦУП ги има подготвено, и тоа: Документ за политики - Препораки за унапредување на законската рамка за јавната администрација[1] Стручен коментар и предлози за нацрт-законите кои го уредуваат вработувањето во јавниот сектор, објавени на ЕНЕР на 27.12.2024[2] Анализа на ризиците од корупција во постапките за вработувања во јавниот сектор[3] Анализа на дискрециони овластувања при именување и назначување на раководни структури во органите на државна управа[4] Етика и недоследности во работењето на органите на државната управа[5] Извештај од следење на вработувањата и начинот на распределба и реализација на буџетите од институциите на јавниот сектор[6] Што ги интересира граѓаните? Извештај од следење на примената на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер[7] Видот на образованието - единствен критериум за вработување во администрацијата?[8] Анализа на Законот за вработените во јавниот сектор[9] Анализа на Законот за административните службеници[10] Анализа на модалитетите за воспоставување Академија за стручно усовршување на административните службеници[11]. Анализата се фокусира на најзначајните промени кои ги носат новите законски решенија од аспект на организација на јавниот сектор, управувањето со човечките ресурси, вработувањето и унапредувањето врз основа на заслуги, отчетноста, управувањето кон резултати и сл. Анализата не ги обработува детално одредбите кои ги регулираат платите и другите надоместоци на административните службеници. Мора да се напомене дека во многу области на управувањето со човечки ресурси, а особено во процесите на селекција, вработување и унапредување не може да се направи длабинска анализа во оваа фаза заради неразвиените подзаконски акти кои треба подетално да ја доуредат оваа материја. Оттука, мислењата и препораките дадени во оваа анализа би требало да се земат предвид при креирањето на подзаконските акти, а во насока на поддржување на принципите на добро управување и управување засновано на заслуги. Ставовите и препораките изнесени во овој документ беа предмет на дискусија со надлежните институции во процесот на подготовката на законските решенија, некои од предлозите на ЦУП се дел од претходните верзии на законите, а дел се прифатени и вградени во новата законска регулатива. Оваа анализа се осврнува на решенијата во законите по нивното усвојување во Собранието на Република Северна Македонија. Споредбената анализа на претходниот и новиот Закон за вработените во јавниот сектор (ЗВЈС) се фокусира на следните точки: ж Примена на законот, Начела на законот, Класификација на работните места во јавниот сектор, Вработување и унапредување. Споредбената анализа на новиот и претходниот закон за административните служебници (ЗАС) се фокусира на следните точки: Работно искуство во струката, Статус и надлежности на Агенцијата за администрација, Категорија „А“ Секретари, Кабинетски службеници и надворешни советници, Селекција и вработување на административните службеници, Унапредување и оценување на административните службеници, Стручно усовршување и обука, Дисциплинска и материјална одговорност, Плати, надоместоци и додатоци, Етички кодекс. Табеларниот приказ на претходните и новите законски решенија, проследен со соодветно мислење и став на ЦУП, овозможува појасна и систематизирана претстава, што го олеснува следењето и разбирањето од страна на читателите и е содржан во Анекс 1 и Анекс 2. Анализата е подготвена во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ финансиран од фондот National Endowment for Democracy (NED).   [1] https://cup.org.mk/publication/policy-paper-recommendations-for-improving-the-legal-framework-for-public-administration [2] https://cup.org.mk/publication/expert-commentary-and-proposals-on-the-draft-laws-regulating-employment-in-the-public-sector-published-on-ener-on-27-12-2024 [3] https://cup.org.mk/publication/analysis-of-corruption-risks-in-public-sector-employment-procedures [4] https://cup.org.mk/publication/analysis-of-discretionary-powers-in-procedures-for-appointing-managerial-structures-in-state-institutions [5] https://cup.org.mk/publication/ethics-and-inconsistencies-in-the-work-of-state-administration-bodies [6] https://cup.org.mk/publication/report-from-monitoring-of-employment-allocation-and-implementation-of-budgets-in-public-institutions [7] https://cup.org.mk/publication/what-are-the-citizens-interested-in-report-on-the-implementation-of-the-law-on-free-access-to-public-information [8] https://cup.org.mk/publication/type-of-education-the-only-criteria-for-employment-in-the-public-administration [9][9] https://cup.org.mk/publication/analysis-of-the-law-on-public-sector-employees [10] https://cup.org.mk/publication/analysis-of-the-law-on-administrative-servants [11] https://cup.org.mk/publication/analysis-of-the-modalities-for-establishing-training-academy-for-administrative-servants

Започнување на проектот „Поддршка за воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници“

Дата: 19.09.2025

Центарот за управување со промени (ЦУП) започнува со реализација на Проектот: „Поддршка за воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници“ поддржан од Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија и во соработка со Министерството за јавна администрација. Официјално започна проектот со потпишување на меморандум за соработка помеѓу Министерството за јавна администрација и Амбасадата на Франција во Северна Македонија. Реализацијата на активностите започна со одржување на прв состанок на работната група во просториите на Министерството за јавна администрација. Работната група е составена од експерти од страна на Центарот за управување со промени како и службеници од Министерството со долгогодишно искуство во областа. Работната група ќе има за цел да ги изготви клучните акти за воспоставување на Академијата, а координатор на активностите е Центарот за управување со промени. Проектот ќе придонесе кон реформите на јавната администрација преку градење капацитети и неговата реализација опфаќа две компоненти: Поддршка за воспоставување на Академија за обука и стручно усовршување на административните службеници во рамки на Министерството за јавна администрација и Споделување на искуство и развој на современи пилот-програми за обуки. Дополнително, во свое учество во проектот ќе имаат и експерти од Националниот институт за јавна администрација на Франција (INSP) и Генералната дирекција за администрација и јавна служба (DGAFP) преку споделување на искуствата и експертизата на француската администрација.

Истражувања во
нашиот фокус

Истражувања

Нашата цел како организација е да придонесеме кон позитивни промени во општеството преку подобри јавни политики.

Нашите истражувања и анализи се однесуваат ан следните области:

  • Добро управување
  • Реформа на јавната администрација
  • Парламентарна демократија
  • Локална самоуправа
  • Човекови права
  • Европски интеграции

Повеќе за нашите истражувања keyboard_arrow_right

Проекти

Поддршка за воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници

Овој проект има за цел да придонесе кон реформата на јавната администрација преку  поддржување на  воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Реализацијата на проектот е поддржана од Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија, а проектните активности ќе се имплементираат во соработка со Министерството за јавна администрација. Проектот исто така има за цел зајакнување на капацитетите на административните службеници преку пилотирање на програми за обуки за јавната администрација. Странска експертиза ќе биде вклучена во реализација на проектот, експерти од Националниот институт за јавна администрација на Франција (INSP) и Генералната дирекција за администрација и јавна служба (DGAFP) ќе споделат искуства и добри практики од француската администрација.

Период: 01.08.2025 - 30.07.2026

Донатор:
Амбасада на Република Франција во Северна Македонија

Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и буџети (Втора Фаза)

Во втората фаза во периодот од 2024 до 2026 година, проектот има за цел да ја подобри родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање (РОБ) во Северна Македонија преку континуирана поддршка и развој на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање. Оваа иницијатива, предводена од UN Women и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а имплементирана од Центарот за управување со промени (ЦУП), има за цел да го унапреди капацитетот на државните службеници во интегрирање на родови перспективи во процесите на креирање политики и буџетирање. Основната цел е да се осигура дека владините политики и буџети ги рефлектираат и одговараат на потребите и на жените и на мажите, особено фокусирајќи се на најранливите групи.

Период: 01.06.2024 - 01.06.2026

Донатор:
UN Women

Модел за обликување младински политики - Младински набљудувачи

Проектот „Модел за обликување на младински политики - Младински набљудувачи“ е 24-месечна иницијатива која има за цел да создаде нов модел за младинско вклучување во политиката и општеството наречен „Y-Os“ (Youth Observers). Овој проект вклучува учесници од Албанија, Северна Македонија, Косово и Италија, поттикнувајќи политички дијалог, соработка, вмрежување и размена на најдобри практики. Таа има за цел да ги подигне капацитетите на младите и да промовира стратешка соработка помеѓу младинските организации низ овие региони.

Период: 31.03.2024 - 31.03.2026

Донатор:
Европска Унија

Подобрување на организациската структура на Патронажната Служба

Програмат на УНИЦЕФ во РСМ во периодот 2020-2025 се фокусира на политики релевантни на децата, примарно здравствени, социјална заштита и образование. Предложената соработка се вбројува во очекуваните резултати повразни со здравство. УНИЦЕФ детектираше дека  „во здравствениот секотр“ има недоволен акцент врз превентивната и примарната грижа и владата главно се фокусираше на градење болници, набавување на скапа опрема и имаше бенефит од  неправилни набавки. Придонесот на ЦУП ќе опфати aспекти поврзани со институционална организација и развој, развој на човечкиот капитал, поточно систематизација на работни позиции, опис на работни позиции и копетенции (општи и професионални) како и менаџмент на перформансите и проценки. Подобрено функционирање на Патронажната служба како дел од здравствениот сектор, значајно и индиректно ќе придонесе кон благосостојбата на децата во државта.  

Период: 01.11.2021 - 01.06.2022

Донатор:
УНИЦЕФ

Дигитализација на услуги во образовниот сектор

Фокусот на овој проект ќе биде дополнително дигитализирање на услугите во образовниот сектор, кои често се користат и можат да имаат поголемо влијание и за корисниците и за МОН како давател на услуги. Проектот ќе опфати целосна дигитализација на овие услуги (достигнување на трансакциско ниво според одредниците на ЕУ), обезбедувајќи поддршка во реорганизирање на внатрешните процеси во МОН за овие услуги, градење на капацитети на администрацијата во МОН за администрирање на услугите и дизајнирање и испорака на промотивна кампања за мотивирање на релевантните групи на корисници  на е-услугите.

Период: 01.10.2021 - 31.03.2022

Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Поддршка на реформи за управување во Министерството за одбрана на Северна Македонија

Крајниот резултат на проектот ќе биде подобрување на ефективноста и ефикасноста на МО преку функционално управување со јавните набавки. Среднорочно и долгорочно, развиениот е-систем за управување со јавни набавки треба да овозможи навремено планирање и подготовка на набавки и успешна имплементација на тендерските постапки со стандардизирани документи, притоа минимизирајќи го ризикот од корупција и судир на интереси. Вистинскиот процес за јавни набавки го презема Бирото за јавни набавки, така што овој проект ќе го подобри планирањето и координацијата на набавките.

Период: 15.09.2021 - 31.03.2022

Донатор:
Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19

Проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по КОВИД-19“ е насочен кон развој на женското претприемништво и спроведување на активности, изнаоѓање решенија и нудење предлог мерки за ревидирање на постоечките владини програми кои што се насочени кон деловниот сектор, со цел да се олеснат економските последици кои произлегоа од кризата COVID-19, со посебен фокус на поддршка на женското претприемништво.

Проектот се спроведува во три општини (Скопје, Охрид и Битола) од јули 2021 година и ќе трае до октомври 2022 година.

Главната цел на проектот е да се идентификуваат последиците и предизвиците со кои се соочиле жените претприемачки во услови на Ковид и да се обезбеди целосна поддршка во надминување на овие последици, унапредување на постоечките бизнис практики, воведување на нова технологија и дигитализација на процесите и политиките на управување. Идејата е да се обезбедат долгорочни решенија за раст и развој на женските бизниси и да се пренесат добри практики кај oстанатите бизниси погодени од Ковид кризата. За таа цел, ќе се работи со идентификувани 9 претпријатија во сопственост на жени, преку процес на осум месечно менторство од страна на експерти од повеќе области. 

Период: 15.07.2021 - 15.10.2022

Донатор:
The Balkan Trust for Democracy

Поддршка на мисијата на СИГМА за годишна оценка за напредокот на јавната администрација

Центарот за управување со промени ја подржувa мисијата на СИГМА за годишна оценка на напредокот на јавната администрација во Република Севрна Македонија за 2021 година, преку обезбедување на локална експертиза и логистика на персоналот и меѓународните експерти ангажирани од СИГМА. Активностите вклучуваа поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација во организација и координација на состаноци со релевантните институции, обезбедување на релевантни документи, преглед и анализа на доставената документација од институциите и поддршка на подготовката на извештајот на СИГМА.

Период: 15.03.2021 - 30.06.2021

Донатор:
СИГМА- ОЕЦД

Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичкото минато во современ Западен Балкан

Проектот Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современ Западен Балкан е проект финансиран од Програмата Европа за граѓаните, Европско сеќавање.

Вклучува студенти, практичари и академици од Албанија, Македонија, Франција и Италија и има за цел да го поттикне националниот и транснационалниот младински активистички дијалог за одразот на минатите комунистички режими во современиот Западен Балкан (ЗБ).

Активностите на проектот предвидуваат различни тематски 4 работилници во 4 различни земји кои се занимаваат со темите што го рефлектираат минатиот комунистички режим (како што се правила, норми, права, практики и обичаи); националните идентитети и колективната меморија во проширената Европа; политичката култура и социјалните промени во посткомунистичката транзиција, завршувајќи со конференцијата што ќе се фокусира на посткомунизмот и демократијата во ЗБ.

Проектот е партнерство помеѓу Центарот за компаративни и меѓународни студии CCIS; Mesdheu Center (MC) Qendra SHKENCE DHE INOVACION PER ZHVILLIM (SCiDEV) (од Албанија); Центар за управување со промени (од Северна Македонија); Patrimoine sans Frontières (PSF) (Франција) и PERIPLI -Culture e Società Euromediterranee (Италија)

 

Период: 01.02.2021 - 01.07.2022

Донатор:
Програмата Европа за граѓаните

Институционален грант од програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Институционалниот грант е поддржан од страна на програмата Цивика мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), претставена од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија. Грантот му овозможува на ЦУП да спроведе активности за институционален развој и организациско јакнење.

Период: 01.07.2019 - 30.06.2022

Донатор:
Цивика мобилитас - Швајцарска агенција за развој и соработка

Програма за парламентарна поддршка

Програмата за парламентарна поддршка, дава поддршка на Собранието на Република Северна Македонија во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.

Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт (НДИ), Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.

Период: 01.07.2018 - 31.08.2027

Донатор:
Швајцарска агенција за развој и соработка

Каталог на услуги

Управување со податоци

Управување со квалитет

ЕУ интеграции

Mеки вештини

Проектен менаџмент

Организациски вештини

Јавна администрација

Родова еднаквост и недискриминација

Наши платформи

Платформа за следење на предизборни ветувања - odgovornavlada.mk

Портал за женско претприемништво - womenpoweron.mk

Национален портал за отворени податоци - data.gov.mk

Веб портал за следење на резултатите во добро управување на општините - оpstina.mk

Веб портал за поврзување на МСП со мулти-национални компании - kompanii.mk

Веб портал за истражувачки стории - istrazi-fakti.org.mk

Веб портал за оценка на јавните услуги - javni-uslugi.mk

Иницијативи

Ниту еден предизвик не е доволно голем доколку постои заедничка иницијатива

Поднеси и поддржи иницијативи keyboard_arrow_right
embed google maps
terms and conditions sample