Повик за пријавување на новинари на обука за интегритет и професионални стандарди во истражувачко новинарство

Дата: 16.08.2017

Институтот за човекови права (ИЧП) и Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Британска амбасада Скопје, објавуваат повик за пријавување на новинари на Обуката за интегритет и професионални стандарди на новинарите во истражувачкото новинарство кој се спроведува во рамки на проектот.

Потпишани договори со 14 грантисти кои ќе ја анализираат работата на локалната самоуправа

Дата: 15.08.2017

Во рамки на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, во “Јавна соба”, денеска беа потпишани договори за грант со 14 грантисти.

Целта на проектот финансиран од ЕУ е да помогне за развивање на стандардите на добро управување, воспоставени од СИГМА и Европската Комисија, со што ќе се подобри и работата на локалната власт во Република Македонија.

Утре ќе бидат потпишани договори за грант со 14 грантисти во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување“

Дата: 14.08.2017

На 15.08.2017 година (вторник), со почеток во 11 часот, во Јавна соба (ул. 50-та Дивизија бр.22, Скопје), ќе се одржи настан за потпишување на Договори за грант со 14 грантисти, во рамки на проектот ,„Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“,  финансиран од Европската Унија

Кои се основните принципи на администрацијата во модерните демократии?

Дата: 07.07.2017

Основната задача и цел на јавната администрација е да биде сервис на граѓаните во процесот на остварувањето на нивните права.

За да се оствари основната задача и целта, вработените во јавната администрација следат одредени принципи во своето работење.

Публикацијата “Што треба да знаат и практикуваат вработените во јавната администрација?””, објавена од Центарот за управување со промени –ЦУП во рамките на проектот “Како до административна правда?”, ги посочува токму клучните принципи кон кои треба да се придржуваат вработените во јавната администрација.

Административни постапки - барања, жалби и тужби од граѓаните во однос на администрацијата

Дата: 04.07.2017

Центарот за управување со промени, во рамките на проектот "Како до административна правда?",  објави брошура со најчестите прашања и одговори за текот на различните административни постапки, со посебен акцент на правата на жалба и тужба. 

 

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk