Граѓанинот на прво место

Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во усвојувањето на отворените политики на локалната власт, за ефикасно учество во развојот, донесување одлуки, креирањето на јавното мислење и мониторинг на политики на национално и локално ниво.

Период 20.11.2015 - 20.05.2017

Донатор: IPA National Programme for Transition Assistance and Institutional Building, Central Financing and Contracting Department Ministry of Finance (CFCD), Делегација на ЕУ; Британска амбасада

Краен корисник на проектот: Граѓански организации (ГО) и сите граѓани на Р. Македонија

Главна цел:

Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации (ГО) во усвојувањето на отворените политики на локалната власт, за ефикасно учество во развојот, донесување одлуки, креирањето на јавното мислење и мониторинг на политики на национално и локално ниво.

Очекувани резултати:

  • Поставени насоки за локалните самоуправи за пристап до отворени податоци и зајакнато управување, преку заедничка соработка помеѓу граѓанските организации, локалните и националните институции, со цел подобрување на транспарентноста и понатамошно подобрување на учеството на граѓанскиот сектор;
  • Подобрени капацитети на граѓанските организации преку обуки и менторство за разбирање и користење на презентираните информации (политики и финансии) и за барање на имплементација на насоките за пристап до отворени податоци на локалните самоуправи; 
  • Воспоставена и подобрена структурна комуникација и соработка на редовна основа помеѓу локалните самоуправи, локалните граѓански организации и државни институции – МИОА, МЛС, преку развиени мрежни партнерства како канал за размена на знаење и искуства;
  • Подобрени информации и зголемена свест за отворени и паметни податоци на локалните самоуправи за учество на граѓанскиот сектор во креирање на политики.

Проектот е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британската амбасада.



Проектот е имплементиран во соработка со Здружението за одржлив развој АЛКА

Публикации од проектот

Галерија на проектот

Инструктажа на анкетари за проектот Граѓанинот на прво место

Фокус групи за проектот Граѓанинот на прво место

Конференција и работилница за Отворено Локално Владино Партнерство

Регионални обуки: Отворени податоци и Отворено Владино Партнерство

Презентации по општини на резултатите од проектот „Граѓанинот на прво место“

Завршна конференција на проектот „Граѓанинот на прво место“

Видео

Отворете ги податоците

Погледнете го нашето креативно видео за: Отворени податоци во рамки на проектот Граѓанинот на прво место, кое има за цел да ја подигне свеста за отворени податоци и нивно приближување до пошироката јавност. 

Отворени податоци на општините

Извршниот директор на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска говореше за концептот на отворени податоци и нивното значење од аспект на транспарентноста и економскиот потенцијал за општините во Република Македонија.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk