Видео | ЦУП

Видео

Сподели

Програмската координатрка на ЦУП Искра Белчева Ристовска во емисијата Детектор на ТВ Сител

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата Детектор на ТВ Ситела

Димитар Врглевски од ЦУП во интервју на ТВ Слободен Печат

Бранка Минчева Коцевска од ЦУП во интервју на ТВ Слободен печат

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисија на 360 степени

Гостување во утринска програма на ТВ Телма на програмската координаторка во ЦУП Искра Белчева Ристовска

(онлајн) Работилница „Индикатори за перформанс и успех“ - Серија обуки за јавната администрација

Интервју со извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска на 25 Минути

Гостување на проектната координаторка на ЦУП Јасна Пајковска во утринската програма на ТВ Телма

Проектната координаторка Јасна Пајковска гостуваше во ТВ Телма по повод промовирање на резултатите од проектот „Социо-економско јакнење на младите жени во североисточниот плански регион“. 

Работилница „Лидерство насочено кон резултати“ - Серија обуки за јавната администрација

Во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, Центарот за управување со промени (ЦУП) организира серија на обуки за јавната администрација. Оваа серија на обуки започна со онлајн работилницата насловена „Лидерство насочено кон промени“, предводена од Стивен Бејти, поранешен вработен во Единицата за следење на испораката на резултати при Канцеларијата на Премиерот на Велика Британија. На онлајн работилницата беа присутни претставници од сите централни институции во државата.

How things got done - во превод „како се завршуваа работите“ е сиже во една реченица од работата на Единицата за следење на испораката на резултати во кабинетот на Премиерот во Велика Британија (Prime Minister’s Delivery Unit).

Проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје и е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Владата на Република Северна Македонија.

Гостување на проектната координаторка на ЦУП Јасна Пајковска во емисијата „Утринска на Телма“

Проектната координаторка на ЦУП Јасна Пајковска гостуваше во емисијата „Утринска на Телма“ во врска со тековните активности на проектот „Социо-економско јакнење на жените од Североисточниот плански регион“ кој го промовира концептот на економија на грижа преку разни форми на социјално претприемништво како и интегрирање на социјални елементи на постоечки бизниси т.е. трансформација на бизниси и зајканување на нивната општетсвена одгвоорност. Но, сепак главната цел е да се охрабрат малдите жени (од селектираните општини во Североисточниот плански регион) да започнат свои бизниси преку кои ќе ги адресираат проблемите во своите заедници и ќе станат економски независни.

Прочитајте повеќе за проектот на следниот линк https://cup.org.mk/proekti/socio-economic-strengthening-of-young-women-in-the-north-eastern-planning-region-in-rnm 

Резултати од проектот „Поттикнување на добро управување реформа на јваната администрација“

Проектот „Поттикнување на добро управување реформа на јваната администрација“ бешеспроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) со поддршка од National Endowment for Democracy (NED). Во рамки на проектот тимот на ЦУП спроведе 4 извештаи од следење на работењето на институциите од јавниот сектор и тоа во врска со:

- Транспарентноста на институциите https://cup.org.mk/publication/what-a...
- Управувачките структури во институциите https://cup.org.mk/publication/report...
- Вработувањата и материјално-финансикото работење на институциите https://cup.org.mk/publication/report... - Соодветната и правична застапеност на заедниците во институциите https://cup.org.mk/publication/report...

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата Агенда 35

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска гостуваше во ТВ емисијата Агенда 35, на тема реформа на јавната администрација. Фокусот беше ставен на платите во јавниот сектор нивниот мешусебен сооднос на различни нивоа како и односот со платите од приватниот сектор. Исто така, се зборува за професионализација на менаџерските структури во јавниот сектор и итната потреба од носење на Законот за висока раководна служба.

Учество на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска на дебатната емисија „Топ Тема“ на ТВ Телма

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска беше говорник на дебатната емисија „Топ Тема“ на ТВ Телма по повод прогресот на процесите за реформа на јавната администрација наспроти процесите за интеграција кон ЕУ.

Панел дискусија „Преосмислување на управувањето“

Панел дискусија „Кои и како управуваат со институциите?“

Гостување на програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска на дебата на ТВ 24

Програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска гостуваше на дебата во ТВ 24, каде се дискутираше за состојбата со јавната администрација и дел од нејзините главни поенти беа дека:

Се заобиколува можноста да ги добиеме најстручните луѓе на раководните позиции. Со поделба на раководните позиции меѓу коалициските партнери, не го користиме расположливиот човечки капитал кој постои надвор од партиите. 

Државата е континуирано во криза и не може да си дозволи повеќе институциите да не функционираат 
Дел од поентите на програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24 Вести

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во дебата на ТВ 24

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска гостуваше во дебата на ТВ 24 каде се дискутираше за респонзивноста на институциите и дел од нејзините поенти беа дека:

Институциите мора да бидат побрзи и поагилни во решавање на проблемите на граѓаните и не може да се чека граѓанските организации да реагираат. Особено ако има проблеми во здравството во пристапот на лекови каде се бара брза реакција, затоа што животи се во прашање.

Суштински проблеми остануваат нерешени поради постојаната промена на раководни позиции врз основа на политички договори, спротивно на мерит системот и независно од стручноста на лицата, што не дозволува континуитет на процесите.

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата 25минути на ТВ 24 вести

Пратениците имаат право и потреба на патни трошоци во извршување на нивните работни задачи, но кај нас проблемот е што патните трошоци на пратениците не подлежат на никакви ограничувања.

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата 25минути на ТВ24.

Бараме поскоро да се донесе новиот етички кодекс и упатството за негова примена каде се регулира сивата зона меѓу она што е законски утврдено право од една страна и она што е морално и етичко однесување на пратениците од друга страна.

Новиот етички кодекс содржи регистри како механизми за подобрување на транспарентноста на Собрание на Република Северна Македонија како што е регистар на подароци и регистар на интереси. Вклучително и доверливо советување, во случај на непостапување според морални и етички принципи. На овој начин се зголемува отчетноста и транспарентноста на Собранието и се намалуваат можностите за каква било злоупотреба.

Етичкиот кодекс како и упатството за негова примена ги изработивме во рамки на Parliament Support Programme спроведена од NDI North Macedonia , Institute for Democracy 'Societas Civilis' Skopje и Центарот за управување со промени а поддржан од Embassy of Switzerland in North Macedonia

Гостување на програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска на Утрински печат на Слободна ТВ

Програмската координаторка на ЦУП Искра Белчева Ристовска во интервју за Утрински печат на Слободна ТВ на тема за состојбите во јавната администрација во нашата држава истакна дека:

- Колку се институциите поотворени толку се пониски шансите за корупција.

- Неопходна е поддршка од вработените во институциите за примена на технлогиите, но и постоење на политичка волја за дигитализација на јавната администрација.

- Одговорноста во јавниот сектор е подеднаква како на раководството така и на вработените во процесот на подобрување на функционалноста на институциите.

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска на ТВ Алсат на тема - Администрација, корупција и очај на граѓаните

Изршната директока на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, гостуваше на ТВ Алсат по повод реформата најавната администација и корупцијата во нашата држава.
Како може да се намалат коруптивите дејствија преку рефомирање н авниот сектор и стимулирање на добро правување и ефективни институции кои ќе го штитат јавниот и граѓанскиот интерес.

Конференција - Подобрување на пристапот до информации од јавен карактер

На 23.09.2022 година, во хотел Панорамика, ЦУП ја организираше конференцијата -Подобрување на системот за пристап до информации од јавен карактер. На конференцијата се зборуваше за проактивна транспарентност на институциите како предуслов за отчетност и борбата со корупцијата а транспаренстноста како нишка на демократските процеси.

Конференцијата е организирана во соработка со Заменичката на Претседателот на Влада задолжена за политики за добро владеење г-ѓа Славица Грковска и Агенција за заштита на право на слободен пристап до информации од јавен карактер а во рамки на проектот "Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација" спроведен од ЦУП а поддржан од National Endowment for Democracy.

Промоција на женски бизниси - „Креација„ - Битола - Надица Бицева

Во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) а поддржан од USAID North Macedonia и Balkan Trust for Democracy, беа изработени промотивни видеа за бизнисите на жените претприемачки кои беа дел од менторската програма.

Промоција на женски бизниси - Jana Jewelry - Скопје - Јана Арсовска

Во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) а поддржан од USAID North Macedonia и Balkan Trust for Democracy, беа изработени промотивни видеа за бизнисите на жените претприемачки кои беа дел од менторската програма.

Промоција на женски бизниси - Izida Sa - Охрид - Сузана Наумовска

Во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) а поддржан од USAID North Macedonia и Balkan Trust for Democracy, беа изработени промотивни видеа за бизнисите на жените претприемачки кои беа дел од менторската програма.

Како се решава пријавена дискриминација во КСЗД?

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска на емисијата Топ Тема на телевизја Телма

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска гостуваше на емисијата „Топм Тема“ на ТВ Телма, заедно со Заменикот на Премиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, по повод новиот извештај на Европската Комисија и оцена на функционалноста на институциите и реформите на јавната администрација во светло на евроинтеграциските процеси на нашата држава. 

Конференција „Предизвиците нажените во руралните рседини и нивните заложби“

На конференција "Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби" присутните ја истакнаа независнат положба на жените земјоделки, нивните потреби и приоритетните мерки за подобрување на нивната социо-економска положба.

Конференцијата беше организирана во соработка со Националната федерација на фармери (НФФ) под покровителстбо на сопругата на Претседателот на РСМ г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска

Настанот е дел од проектот "Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19"спроведен од ЦУП а поддржан од USAID North Macedonia и The Balkan Trust for Democracy

Гостување на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска во емисијата 25 минути на ТВ 24 вести

По повод актуелните случувања во јавната администрација во однос на прашањето за мерит во службите, извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, гостуваше во емисијата 25 минути на ТВ 24 вести. 

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска панелист на дискусија за „дигитална демократија“

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска беше дел од панел дискусијата на UNDP MK , на тема „Дигитална демократија“.

На настанот, директорката ги истакна релациите на дигитализацијата со процесите на добро управување во институциите, мобилизирање на јавноста и потребата од градење на капацитетите и знаењата за дигиталната писменост на населението, проследени со позитивни примери од праксата.

Погледнете го преносот од настанот и слушнете повеќе за дигитализацијата и демократските процеси во нашата држава

Промоција на женски бизниси - Copper art - Охрид - Данче Наумоска

Во рамки на проектот Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19, имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) а поддржан од USAID North Macedonia и Balkan Trust for Democracy, беа изработени промотивни видеа за бизнисите на жените претприемачки кои беа дел од менторската програма.

Изложба „Жени во занаетчиство“

Во рамки на проектот „Мерки за зајканување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од USAID North Macedonia и The Balkan Trust for Democracy, ЦУП организираше тридневна изложба на изработки на жени занатчии под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска. Тридневната изложба се организираше од 16 до 17 мај 2022 година на платото на кабинетот на Претседателот на државата. Присутните се запознаа со културата, традицијата и уметноста кои во себе ги носат уникатните производи на жените занаетчии. Но, најважно е тоа што сите го препознаа значењето на женското претприемништво и потребата од негова понатамошна поддршка и развој.

Промоција на женски бизниси - PS Filigree - Охрид - Павлина Шикалеска

Во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) а поддржан од USAID North Macedonia и Balkan Trust for Democracy, беа изработени промотивни видеа за бизнисите на жените претприемачки кои беа дел од менторската програма.

Посета на жени занаетчии по повод денот на културното наследство

Тимот на ЦУП во сорабтка со сопругарата на Претседателот на Република Северна Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, по повод деновите на културно наследство, посетија жени занаетчии кои изработуваат и имаат колекции на народни македонски и албански носии. Целта на посетата беше афирмирање на жените претприемачки кои го негуваат културното наследство на различните култури кои живеат на територијата на Република Северна Макеоднија.

Гостување на изврната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска на Утрински брифинг на Слободна ТВ

По повод Конференцијата која ЦУП ја организиаше под наслов „Од марш за работники права до дигитална економија“, во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, поддржан од Balkan Trust for Democracy, Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска гостуваше на Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Гостување на изврната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска на Утринска програма на Телма

По повод Конференцијата која ЦУП ја организиаше под наслов „Од марш за работники права до дигитална економија“, во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, поддржан од Balkan Trust for Democracy,  Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска гостуваше на Утринската програма на ТВ Телма. 

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска- Сачмароска, интервју во Агенда 35

Поднесување апликација до Комисија за спречување и заштита од дискриминација - Знаковен јазик

Ова видео е изработено во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисија за спречување и заштита од дискриминација“ (КСЗД), спроведен од Центарот за Управување со Промени и поддржан од Обединетотот Кралство преку Британската Амбасада во Скопје

Поднесување апликација до Комисија за спречување и заштита од дискриминација - ALB

Ова видео е изработено во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисија за спречување и заштита од дискриминација“ (КСЗД), спроведен од Центарот за Управување со Промени и поддржан од Обединетотот Кралство преку Британската Амбасада во Скопје

Поднесување апликација до Комисија за спречување и заштита од дискриминација - МКД

Ова видео е изработено во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисија за спречување и заштита од дискриминација“ (КСЗД), спроведен од Центарот за Управување со Промени и поддржан од Обединетотот Кралство преку Британската Амбасада во Скопје

Изјава на Јасна Пајковска, проектна координаторка во ЦУП за Алфа ТВ

Проект - Зајакнување на женски бизниси по Ковид-19

Проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ е спроведен од Центар за управување со промени (ЦУП) и е поддржан од Balkan Trust for Democracy

Запознаете ги членовите на КСЗД- Игор Јадровски член на КСЗД

Ова видео е изработено во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Запознаете ги членовите на КСЗД- Ирфан Деари член на КСЗД

Ова видео е изработен во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Запознаете ги членовите на КСЗД- Кире Василев член на КСЗД

Ова видео е изработен во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Запознаете ги членовите на КСЗД- Лимко Бејзаровски член на КСЗД

Ова видео е изработен во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Запознаете ги членовите на КСЗД - Весна Бендевска, Претседателка на КСЗД

Ова видео е изработен во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Проектната координаторка во ЦУП Јасна Пајковска гостинка на утринската програма на МТВ1

Проектната координаторка во ЦУП Јасна Пајковска гостуваше на утринската програма на МРТВ1 каде ги промовираше целите и очекувани резултати на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“. Проектот има цел да се најдат долгорочни решенија за последиците од Ковид-19 што женските бизниси ги имаат претрпено како и да се надополнат и зајакнат вештините и знаењата на учесничките во проектот преку спроведување на различни ативности како обуки, работилници и слично.

Проектот  „Мерки за закалнување на женски бизниси по Ковид-19“ е спроведен пд ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy. 

Промотивно видео на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на КСЗД“

Центарот за управување со промени (ЦУП) преку поддршка на Британската амбасада во Скопје го спроведува проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)“. 

Главна цел на проктот е воспоставување на функционален систем за заштита на основните права на граѓаните и спречување на дискриминација, преку ефективна работа на КСЗД.

Вебинар: Северна Македонија (не)предвидливи промени на политичката сцена

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеса Сачмароска учествуваше на вебинар на тема „Северна Македонија (не)предвидливи промени на политичката сцена“, во организација на Институтот за Централна Европа од Полска. 

На вебинарот се дискутираше за резултатите од локалните избори во РСМ и нивниот ефект и за влијанието на односите со Република Бугарија во Евроинтеграцискиот пат на РСМ. 

Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска- Сачмароска, интервју во Трилинг

Намалувањето на работното време на администрацијата во петок ниту е реформски чекор, ниту пак ќе ја зголеми продуктивност на вработените во институциите, а од друга страна како земја аспиранти за ЕУ испраќаме лош сигнал.

Кај нас има 10 тина институциии со еден вработен, а притоа имаат огромен број на ресурси коишто ги користат и го оптоваруваат буџетот.

Во Македонија има околу 3600 членови на управни и надзорни одбори коишто годишно трошат околу два милиони евра.

ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО КОНСТРУКТИВЕН ДИЈАЛОГ: КОМУНИСТИЧКОТО МИНАТО ВО СОВРЕМЕН ЗАПАДЕН БАЛКАН

Проектот Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современ Западен Балкан предлага продлабочување на работата во образованието и подигање на свеста кај помладата генерација, отворање дебата преку анализа на причините и последиците од диктаторските режими, оддавање почит на жртвите и пред се транспарентност во злосторствата извршени против човештвото од комунистички и други диктаторски режими.

ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО КОНСТРУКТИВЕН ДИЈАЛОГ: КОМУНИСТИЧКОТО МИНАТО ВО СОВРЕМЕН ЗАПАДЕН БАЛКАН

Транзицијата од комунизам во посткомунизам во земји како Албанија и Северна Македонија е одредена и под силно влијание не само од колапсот на идеологиите и од промените на меѓународната политичка сцена по 1989 година, туку и од длабоките промени што влијаеја на обичаите , начин на живот и колективен менталитет во ЕУ. Неказнивоста на злосторствата на комунистичкиот режим продолжува да биде сериозна рана за овие општества дури и 30 години по падот на диктатурата, а сепак не воспостави суштинска поделба од комунистичкото минато. Во тој поглед, не може да има помирување и мир без историско сеќавање.

Извршната директорка на ЦУП- Неда Малеска- Сачмароска, гостин во 24 отворено

Неда Малеска- Сачмароска во 24 отворено: Дигитализација на јавните услуги кои се најфреквентни во животниот век на еден граѓанин. Со целосно дигитализирање на процесите, меѓусебно електронско поврзување на институциите за размена на информации, граѓаните ќе добиваат брзи и ефикасни услуги. Со минимизирање или комплетно елиминирање на човечкиот фактор, се намалува и ризикот од корупција.

Втора Работилница за Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современ Западен Балкан, во Скопје Ден 2

Втора Работилница за Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современ Западен Балкан, во Скопје Ден 1

Презентација на вториот Национален извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација (РЈА) 2019-2020, дел од проектот ВеБЕР.

Напредокот на една земја, во голема мера е одреден од квалитетот на нејзината јавна администрација. 
Затоа, иако често пати критикувана, неопходно е да се истакне општа политичка важност на јавната администрација за системот на управување и раководење со јавните политики. Вака започна излагањето на извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, во рамки на презентацијата на вториот Национален извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација (РЈА) 2019-2020, дел од проектот ВеБЕР. 

На настанот се дискутираше за состојбата со реформата во јавната администрација во Република Северна Македонија, направениот напредок во овој процес до сега, што е предуслов за членство на земјата во Европската унија, како и за идните активности.

Çfarë perspektivë e energjisë na pret ?

Skenari "jeshil" në Strategjinë e Zhvillimit të Energjisë deri në vitin 2040 është zgjidhja më optimale për zhvillimin e vendit në vitet e ardhshme.

Kursim energjie

Rritja e pjesëmarrjes së burimeve të rinovueshme

Një hap më pranë standardeve të BE-së

Energji e qëndrueshme për një të ardhme të sigurt!

Ndërtimi i një të ardhme më të gjelbër dhe më të sigurt për Maqedoninë e Veriut

Rishikuar dhe miratuar Strategjinë Kombëtare për Zhvillimin e Energjisë 2040.

Skenari i gjelbër në strategjinë e azhurnuar për zhvillimin e energjisë deri në vitin 2040 - më optimale për zhvillimin e vendit në vitet e ardhshme.

Të përafrohet me politikat e BE-së dhe të sigurojë platformën e nevojshme për modernizimin dhe transformimin e sektorit të energjisë në përputhje me trendet e energjisë të BE-së.

Kontribuoni në rritjen e aksesit, integrimit dhe disponueshmërisë së shërbimeve energjetike, zvogëlimin e ndotjes dhe rritjen e pjesëmarrjes së sektorit privat, duke marrë parasysh potencialin e zhvillimit të Maqedonisë së Veriut.

What energy perspective awaits us?

The "green" scenario in the Energy Development Strategy until 2040 is the most optimal solution for the country's development in the coming years.

Energy saving

Increased participation of renewable sources

One step closer to EU standards

Sustainable energy for a secure future!

Building greener and safer future for North Macedonia

Revised and adopted the National Strategy for Energy Development 2040.

The green scenario in the updated strategy for energy development until 2040 - the most optimal for the development of the country in the coming years.

Align with EU policies and provide the necessary platform for modernization and transformation of the energy sector in line with EU energy trends.

Contribute to increased access, integration and availability of energy services, reduction of pollution and increased participation of the private sector, taking into account the development potential of North Macedonia.

Каква енергетска перспектива не очекува?

Зеленото“ сценарио во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година е најоптимално решение за развој на земјата во наредните години.

Заштеда на енергија

Зголемено учество на обновливи извори

Чекор поблиску кон ЕУ стандарди

Oдржлива енергија за сигурна иднина!

Градење на позелена и побезбедна иднина за Северна Македонија

Ревидирана и усвоена Националната стратегија за развој на енергетиката 2040г.

Зеленото сценарио во ажурираната стратегија за развој на енергетиката до 2040г- најоптимално за развој на земјата во наредните години.

Усогласување кон политиките на ЕУ и обезбедување на потребната платформа за модернизација и трансформација на енергетскиот сектор во согласност со енергетските трендови на ЕУ.

Придонес за зголемен пристап, интеграција и достапност на енергетските услуги, намалување на загадувањето и зголемено учество на приватниот сектор, земајќи ги предвид потенцијалот за развој на Северна Македонија.

Презентација на новата електронска услуга за регистрација на проекти/ донации во СЕП

Презентација на електронскиот начин на регистрација на проектот во Секретаријатот за европски прашања и нагласување на придобивките од воведувањето на електронската услуга.
Услугата е развиена во рамките на проектот „Дигитализација јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, и спроведен од Центарот за управување со промени, во соработка со Секретаријатот за европски прашања.

Неда Малеска за SCOOP Macedonia- Професионализација и департизација на јавната администрација

Администрацијата преобемна, реформите минимални. Со години наназад Владите упатуваат на тоа дека се потребни реформи во администрацијата но никој досега не се зафати сериозно да го преуреди огромниот државен административен апарат. Но наместо тоа се повеќе и политиката и партиите постојано ги полнеа институциите со свои партиски кадри, со што стана многу тешко нејзиното преуредување во професионална служба на граѓаните. Какви реформи се потребни и од каде да се почне.

Конференција: „Дигитализација на услуги во областа на образованието“

На конференцијата беа презентирани изработените електронски услуги на Министерството за образование и наука беше отворена дискусија за придобивките од дигиталната трансформација во јавниот сектор. 

Услугите се изработени во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.

На конференцијата се обратија министерката за образование и наука Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, заменик амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Доминик Отвеј, програмскиот координатор во Центарот за управување со промени Мартин Тодевски, вишиот советник за политики во СИГМА Каидо Пабуск и професорот на ФИНКИ Боро Јакимовски. Настанот го модерираше извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска.

Јавна дебата: Отпорност и прилагодливост на образовниот сектор во Република Северна Македонија

На дебатата заедно со Министерката за образование и наука Мила Царовска и експертите Ник Морган од Шкотска и Сандра Кучина Софтиќ од Хрватска, на дебатата разговаравме за тоа како земјите во Европа вклучувајќи ја и нашата земја, се справија со наглите промени во образовниот сектор, односно промената од кабинетска во онлајн настава. Ги споделивме досегашните искуства од спроведувањето на наставата на далечина кај нас како и во Шкотска и Хрватска, зборувавме за мислењата и искуствата на наставниците, родителите и учениците, кои се дел од целиот процес и се согласивме за тоа колку е важна дигиталната писменост и на кое ниво се наоѓа кај нас, а на кое во поразвиените земји. 
Неопходно е модернизирање односно дигитализирање на образованието во сите сегменти и во делот на услугите, како и реформи кои ќе создадат лесно прилагодлив наставен процес во време на криза.

Кампања „Ноември- месец на дискусии за јавните услуги“

„Ноември- месец на дискусии за јавните услуги“. Заедно со партнерските организации, спроведовме истражувања за јавните услуги на централно и локално ниво.  Целта на овие дискусии е да дадеме преглед на сите идентификувани проблеми пред носителите на одлуки и јавните институции, наоди, но и препораки од истражувачите за подобрување на испораката на услугите во повеќе одбрани општествени сфери. Препораките даваат основа за почетни чекори за подобрување на дел од анализираните услуги, а пред тоа и за отворање јавна дискусија за модернизација на услугите за граѓаните. Собранието има обврска да врши надзор на работата на јавните институции од функционален, финансиски и од аспект на реализација на зацртаните реформи, па оттука и на испораката на услугите кон корисниците, а основа за надзорните расправи можат да бидат податоците и информациите од граѓанските организации. Ваквата синергија претставува не само модерен начин на широко вклучување на граѓаните во креирање и следење политики, туку и заедничко засилено влијание за спроведување на реформи во корист на граѓаните.

Граѓански иницијативи

Центарот за управување со промени (ЦУП) воведе нова алатка за поттикнување на граѓаните во правењето промени во јавната сфера со доставување на иницијативи на нашата интернет страна.

Потребно е да ја осмислите и внесете вашата иницијатива на нашата интернет страна и да отпочнете да ја ширите идејата за промени, притоа можете да дадате поддршка за веќе објавенитe иницијативи. Потребни се 500 поддржувачи за иницијативата да стигне до носителите на одлуки.

Администрацијата во време на корона криза: Кога ќе влезе во 21 век?

Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени, гостин во емисијата 25 минути. „Администрацијата се покажа неподготвена да одговори на ситуацијата“. Вработените во дури 74,16% од институциите ги чуваат документите единствено локално, на личен компјутер.

Да се следи примерот на западните земји во дигитализацијата, сега е прав момент да се фати чекор со модерното време, за непречена работа на јавниот сектор и во време на криза, но и во нормални услови.

Рачна изработка на традиционална облека: Ханифе Хоџа- Елбасан, Албанија

Ханифе Хоџа, жена од Елбасан, Албанија, која ја зачувува традицијата изработувајќи традиционална облека рачно везена.

Ресторан Сајгија- Гостивар

Ресторанот Сајгија е уште една успешна бизнис приказна реализирана во услови на Ковид 19. Со поддршка на проектот за “Развој на микропретпријатија на жени во преку-граничниот регион“ , ресторанот Сајгија го искористи своето долгогодишно искуство во подготовка на традицинонални јадења и започна со производство и продажба на домашно подготвен: ајвар, пинџур и кечап.

Елвира Фетаху- ФИРМА ЕЛ

Елвира Фетаху- жена претприемачка која заедно со своите сестри управува со успешна компанија, основана од нивната мајка во 1991 година во Елбасан-Албанија. 

Елса Гега- застапник на македонскиот бренд Дуки Дасо во Албанија

Елса Гега- жена претприемачка од Елбасан, застапник за македонскиот бренд Дуки Дасо во Албанија.

Успешен пример за преку-гранична бизнис соработка помеѓу РСМ и Република Албанија.

Дел е од маркетинг кампањата во рамки на Проектот за развој на микро претпријатија на жени во преку-граничниот регион. 

Марта Пејоска- Изработка на филигран и сребрен накит

Марта Пејоска од Охрид е дел од маркетинг кампањата во рамки на проектот за Развој на микропретпријатија на жени во преку-граничната област. Професионално е посветена на дизајнирање и изработување на накит од сребро. Матичната техника во која работи е филигранската техника. Филигранот како дел од Македонското културно наследство е она што за неа го прави уште повеќе посебен и преку својата работа таа придонесува за неговата заштита.

Aнгела Петрушевска- АЗУР-МА

Ангела Петрушевска е успешна претприемачка во компанијата АЗУР-МА, кој е семеен бизнис и во последните 3 години гради препознатлив бренд во регионот. Компанија се занимава со производство на природни сапуни произведени од природни суровини кои содржат мед и козјо млеко. Производството е проширено со сапуни за перење, мелен за рачно и машинско перење и во тврда состојба. Сите суровини кои се користат во производството се набавени од руралните места во Р.С.Македонија. Ангела е дел од маркетинг кампањата во рамки на проектот за Развој на микропретпријатија на жени во преку-граничната област. 

Препораки за модернизирање на јавните услуги за граѓаните

Препораки за организација на наставата на далечина

Видео ретроспектива на "Проектот за развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област 

Видеото претставува кратко резиме за сите досегашни активности и постигнати резултати во рамките на проектот, но и предизвиците кои беа успешно надминати.

Промотивно видео за онлајн платформата womenpoweron.com

Промотивно видео за онлајн платформата womenpoweron.com На платформата може да се најдат широка палета на производи и услуги изработени од страна на жени претприемачки. Нарачката се одвива онлајн, а испораката се врши директно до корисникот. Со секој купен производ од страната womenpoweron.com директно придонесувате до развој на женското претприемништво.

Неда Малеска Сачмароска за Законот за висока раководна служба

Дали е сега вистинското време да се примени Законот за висока раководна служба? На високите раководни позиции да се постават квалитетни луѓе со компетенции, да се покаже политичка одговорност да се избираат кадри по професионални а не партиски заслуги.

Неда Малеска Сачмароска за 360 степени.

 

ЦУП донираше заштитна опрема од Ковид-19 во Општина Тетово изработена од жени претприемачки

ЦУП заеднo со партнерските организации во Општина Тетово, донираше опрема за заштита од Ковид-19 која опфаќа 4800 заштитни маски за лице, 625 визири и 550 антибактериски органски сапуни.Целата опрема е изработена од жени претприемачки од регионот на Полог и Елбасан кои се вклучени во проектот “Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“ финансиран од Европската Унија.

Зајакнување на женското претприемништво

Зајакнувањето на женското претприемништво и обезбедувањето одржливи решенија за развој на микро и малите бизниси на жените е многу важно за да се искористи потенцијалот на жените.Особено, значајно е да се работи на руралните средини и пограничните региони, каде жените немаат доволно поддршка да се охрабрат и да започнат бизнис.

Со вакви активности треба да се зголемат личните претприемачки вештини и деловните компетенции на жените вклучени во формални или неформални бизниси. Да се обезбедат услуги за правна поддршка во деловното работење. Да се подобри производството, пристапот до пазарни можности и можности за развој на бизнисот и да се зголеми прекуграничната соработка. Да се подобрат и ревидираат владините мерки и политики за локална и национална поддршка на женското претприемништво.

За сите овие прашања, на темата, дискутираат Јасна Пајковска – проектен менаџер во Центарот за управување со промени и Мартин Сопронов – програмски координатор во Институтот за човекови права

.

Последици од Корона-кризата во работата на администрацијата ?

На оваа тема во емисијата Евро Фокус  на Телма дебатираа извршниот директор на ЦУП- Неда Малеска- Сачмароска и Mинистерот за информатичко општество и администрација- Дамјан Манчевски.

ЦУП се вклучи во борбата против КОВИД 19

Центарот за управување со промени преку проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област” се вклучи во борбата против новиот вирус КОВИД 19 и ублажување на последиците од него.

Со цел да се помогне на загрозените групи на граѓани и здравствените работници во двата региони, но и зајакнување на капацитетите за производство и продажба на жените претприемачки кои се дел од проектот, ЦУП и партнерите кои го имплементираат овој проект алоцираа средства за изработка на 9.600 заштитни маски за лице, 1.250 3Д визири и 1.100 антибактериски сапуни. Сите производи кои ќе бидат изработени од фирмите кои се дел од оваа акција ќе бидат донирани во здравствените установи, полицијата и ризичните групи на граѓани.

Со оваа акција даваме голем придонес како во заштита на граѓаните и спречување на вирусот, така и финансиска поддршка на фирмите кои се вклучени во акцијата. Директно влијаеме на нивната ликвидност во овој период кога се забележува значителен пад на деловниот сектор.

ЦУП секогаш настојува промените во општеството да ги претвори во позитивни резултати, така и во време кога се соочуваме со голем предизвик ќе одговориме со наша поддршка. ЦУП и во иднина ќе ги мобилизира расположливите ресурси и ќе преземе чекори за помош на најранливите категории во услови на оваа непогода, затоа што секој мал придонес е од големо значење за заедницата.

Протокол за постапување и унапредување на соработката помеѓу Владата, институциите, домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании

Потребите на граѓаните да бидат основа за подобрување на јавните услуги

Маја Кироска - пример за успешна жена претприемач на која општествените рамки не и претставуваа никаква препрека на патот до успехот

Маја Кироска - пример за успешна жена претприемач на која општествените рамки не и претставуваа никаква препрека на патот до успехотВидеото е подготвено во рамките на Проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област, со цел да поттикне и охрабри и други жени кои имаат желба и потенцијал да развијат свој бизнис и да го работат она што го сакаат.

20 години Делегација на Европската Унија во Северна Македонија

Trajnim për planifikim të biznesit për gratë sipërmarrëse

Me ane te ushtrimeve praktike dhe trajnimeve interaktive mbi 40 gra te rajonin nderkufitar Maqedoni-Shqiperi i pervetesuan teknikat e zhvillimitnte biznis planeve dhe zgjeruan njohurite per nisje te biznesit personal si dhe promocion te tij.
Si rezultat i trajnimeve u mundesua lidhje te grave te rajonin nderkufitar dhe rritje te mundesis te bashkpunimit te tyre ne te ardhmen.

Обуки за развој на бизнис планови на жени претприемачки

Преку практични вежби и интерактивни обуки над 40 жени во прекуграничниот регион МК/АЛ  ги совладаа техниките за развој на бизнис планови и ги надградија знаењата за започнување на сопствен бизнис и промовирање на истиот. Како резултат на обуките се овозможи поголемо поврзување на жените од прекуграничниот регион и зголемување на можноста за нивна идна соработка.

Собранието во наредните 10 години ќе биде дел од Програмата за парламентарна поддршка

Собранието на Република Северна Македонија во наредните 10 години ќе биде дел од Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) поддржана од Швајцарија. Целта на проектот е Собранието да ги зацврсти институционалниот кредибилитет и доверба кај јавноста преку застапување на интересите и потребите на граѓаните. 

Иновации во јавниот сектор, носење промени со цел подобрена ефективност во јавната администрација

ЦУП во 360°- Предложен закон за висока административна служба

Предложен закон за висока административна служба, опозицијата против, експертите поделени.ЦУП учествуваше во изработката на законското решение, Искра Белчева Ристовска истакна дека построгите критериуми при изборот на раководниот кадар ќе ја прекинат праксата на поделба на директорски места по партиски клуч.

Неда Малеска Сачмароска, гостин во Топ Тема- Како се трошат буџетските пари за администрацијата?

Неда Малеска Сачмароска: Законот за висока раководна служба обезбедува администрација во интерес на граѓаните

Бизнис соработка помеѓу МНК и домашните МСП

Krijojmë një të ardhme të përbashkët

Creating a Common Future

Një ngjarje të rëndësishme promovuese !

Organizojmë një ngjarje të rëndësishme promovuese për projektet e mbështetura në programin e bashkëpunimit ndërkufitar midis Republikës së Maqedonisësë Veriut dhe Republikës së Shqipërisë. Programi financohet nga Bashkimi Evropian në vlerë totale prej 3 milion euro. Veprimtaria synon promovimin dhe avancimin e turizmit në rajonin ndërkufitar. Ajo do të organizohet më 10 korrik 2019 në Ohër dhe do të zhvillohet në disa vende që ofrojnë përmbajtje më të larmishme. Hapja zyrtare dhe konferenca do të bëhen në Hotel Nova Riviera, duke filluar nga ora 10.30. Hapja e Qendrës së Shpëtimit në Kryqin e Kuq në orën 11.30. E gjithë ngjarja do të shoqërohet me ekspozita të projekteve - 9 projekte të mbështetura dhe më shumë se 30 organizata që marrin pjesë në program. Urdhëroni në Ohër më 10 korrik!

Голем промотивен настан

Организираме голем промотивен настан на проектите поддржани во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

Со дигитална трансформација до поголема инклузија и подобри јавни услуги

Мрежа на граѓански организации за подобрување на јавните услуги и на локално ниво

Кои се најголемите проблеми во испораката на јавни услуги според граѓаните?

Отворена комуникација меѓу институциите и граѓаните за подобри јавни услуги

Земјите од ЕУ голем процент од јавните услуги им ги овозможуваат на граѓаните онлајн

Земјите од ЕУ голем процент од јавните услуги им ги овозможуваат на граѓаните онлајн. Естонија е лидер со 99% од јавните услуги достапни онлајн. Да ги подобриме јавните услуги според Европски стандарди.

Национален портал- Каталог на јавни услуги

За прв пат во земјата е изработен Каталог кој ги попишува сите услуги од институциите во јавниот сектор и овозможува целосни, јасни и недвосмислени информации за добивање на услугите.

МРЕЖА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ за заедничка работа на подобрување на јавните услуги

Приклучете ја вашата граѓанска организација во МРЕЖАТА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ за заеднички да работиме на подобрување на јавните услуги, како и заедничко спроведување мерки од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 во делот посветен на испорака на јавни услуги.

Што е потребно за да добиете јавна услуга?

Граѓаните сметаат дека не сите се еднакво третирани од страна на институциите, дигиталните услуги овозможуваат еднаков третман за сите.

Колку пати ја контактирате институцијата за да добиете јавна услуга?

Јавна администрација со висококвалитетни услуги за граѓаните

Деловна средба за вмрежување на жени претприемачки од Полог и Елбасан

На женското претприемништво од регионите на Полог од македонска страна и Елбасан од албанска страна, му е потребен дополнителен поттик. Токму затоа, Центарот за управување со промени - ЦУП во соработка со Центарот за компаративни и меѓународни студии од Тирана, Институтот за човекови права и Фондацијата „Егалите“ одлучија да реализираат едно поинакво одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8ми март, односно да спроведат деловна средба за вмрежување на бизнис жени од регионите на Полог и Елбасан. Целта на средбата, која се одржa од 08 до 09 март 2019 во Охрид, беше преку претставување на компаниите од регионите на Полог и Елбасан и споделување на искуствата на бизнис жените од овие два региона да се разгледаат можностите за нивно деловно поврзување и соработка во секторите во кои работат. Проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничниот регион е финансиски поддржан од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Како од идеја до исплатлив бизнис?

Проектот за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област претставува одлична можност за оние кои имаат некаква идеја, но не знаат како да започнат одреден бизнис.

Заинтересираните жени од Полошкиот регион, кои сакаат да научат како своите идеи да ги преточат во исплатлив бизнис, може да се пријават за следниот циклус на обуки во Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management на телефонскиот број 02/ 609 22 16.
____________

Projekti për zhvillimin e mikro-ndërmarrjeve të grave në rajonin ndërkufitar paraqet mundësi të shkëlqyer për ata të cilat kanë ndonjë ide, por nuk dijnë se si të fillojnë një biznes të caktuar.

Gratë e interesuara nga rajoni i Pollogut, të cilat duan të mësojnë se si idetë ti shndërrojnë në një biznes të vlefshëm, mund të paraqiten për ciklin e rradhës së trajnimeve, te Qendra për menaxhimin me ndryshimet në numrin e telefonit: 02/ 609 22 16.

Во ВИН ВИН Извршниот директор на ЦУП- Неда Малеска-Сачмароска и Професор Драган Гоцевски

Дискусија на тема Законот за висока раководна служба и професионализација на државната администрација.

Обезбедување пристапност за лица со инвалидност во општините

Дали општините обезбедуваат физичка до објектите na општината и електронска пристапност информациите кои се нудат од општините?

Транспарентност на општините

Дали општините ги објавување информациите кои се потребни за граѓаните? Каква е веб-транспарентноста на општините?

Обезбедување услуги од општините

Како се обезбедуваат услуги од страна на единиците на локалната самоуправа? Дали некои процеси може да се подобрат?

Јавни претпријатија основани од општини

Каква е состојбата на јавните претпријатија основани од општините?

Колкава е задолженоста на општините

Документарен филм кој го прикажува нивото на задолженост на општините

Презентирани резултатите од најновиот барометар за веб транспарентност на општините

На јавната дебата во општина Штип беа презентирани резултатите од степенот на исполнување на стандардите за е-транспарентност од страна на оптшините. Општина Штип е најтранспарентна веб општина.

Ефекти од едношалтерскиот систем

Прилог во телевизиски вести кој произлегува од истражувањето на Центарот за управување со промени во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, кое се однесува на квалитетот на услугите кои ги нудат општините.

Во Тетово промовиран проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекугранична област

Проектот во целина се однесува на потенцијалните и постоечките жени претприемачи и ќе обезбеди неопходна поддршка за да ги зајакнат нивните деловни вештини и ќе обезбеди дополнителна техничка поддршка и помош на жените за да можат да ги развиваат и прошират микро и малите бизниси во прекуграничниот регион меѓу Полог на македонска и Елбасан на албанска страна.

Професионална или партизирана администрација?

" Седум милиони евра за надоместоци на членовите на управни и надзорни одбори потрошила државата во последните три години, но критериумите по кои се поставени овие луѓе се многу слаби или речиси и да ги нема "

Институции со 1 вработен кого го раководат 11 лица - 1 директор и 10 членови на управен и надзорен одбор

Телевизиски прилог емитуван во рамките на емисијата 360 степени на Телевизијата Алсат-М инспириран од анализата која ја спроведе Центарот за управување со промени за избраните и именуваните лица во Република Македонија.

Владини назначувања ја преплавија државната администрација

Телевизиски прилог на Топ Тема на ваша страна за резултатите од обемната анализа која ја спроведе Центарот за управување со промени за избраните и именуваните лица во Република Македонија. 

 

Топ тема на Ваша страна: Колку чинат државните Управни и Надзорни одбори?

Дебатна емисија Топ Тема на ваша страна за управните и надзорните одбори предизвикана од анализата на Центарот за управување со промени за избраните и именувани лица.

Податоците од истражувањето во емисијата ги претстави извршниот директор на ЦУП, Неда Малеска Сачмароска додека во дебатата учествуваа и Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска.

Прилог на ТВ 21 за конференцијата за здравствени и социјални услуги

Незадоволство од квалитетот на здравствените и социјалните услуги -прилог на ТВ 21 за конференцијата за здравствени и социјални услуги, која се одржа во организација на ЦУП.

На конференцијата беа претставени резултатите од истражувањето на јавното мислење за здравствените и социјални услуги и се разгледуваа препораките за надминување на регистрираните недостатоци.

Прилог на Канал 5 Телевизија за конференцијата за здравствени и социјални услуги

Потребни се промени во здравствениот систем и социјалната заштита - прилог на Канал 5 ТВ за конференцијата за здравствени и социјални услуги, која во организација на ЦУП се одржа на 5-ти Април .

На конференцијата беа претставени резултатите од истражувањето на јавното мислење за социјалните и здравствени услуги и се разгледуваа препораките за надминување на регистрираните недостатоци.

Прилог на Алсат - М ТВ за конференцијата за здравствени и социјални услуги

Прилог на Алсат - М ТВ за конференцијата “Итни потреби и приоритети за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравство", која во организација на ЦУП се одржа во Четврток , 5-ти Април, во Хотел Мериот.

На конференцијата беа претставени резултатите од истражувањето на јавното мислење за социјалните и здравствени услуги и се разгледуваа препораките за надминување на регистрираните недостатоци.

360 степени - Зошто беше објавен конкурс за нови директори, ако изборот бил направен однапред? -

Извршниот директор на ЦУП, Неда Малеска - Сачмароска, во прилог во емисијата 360 степени говори за процесот на именување директори на јавните претпријатија од страна на владата.

Прилог на Телевизија Телма: Транспарентност – приказна или реалност?

Извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска - Сачмароска, учествуваше на јавната дискусија за агендата за транспарентност на владата на Република Македонија.

Истовремено, ЦУП активно учествува во процесот на унапредување на транспарентното и отчетно владеење преку проектот "Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација", во рамките на кој се подготвува и Националната стратегија за отворени податоци. 

"Проверено" на Телевизија 24 Вести - Неда Малеска за вработувањата во јавната администрација

Извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска-Сачмароска, говори за вработувањата во јавната администрација за емисијата "Проверено" на телевизијата 24 Вести.

Прилог на Телевизија Алсат-М за управно-правната заштита на граѓаните

Прилог на Телевизија Алсат-М за управните постапки, во кој се претставени наодите на истражувањето на Центарот за управување со промени за работата на второстепените комисии и управните судови. За управно-правната заштита говорат извршниот директор на ЦУП, Неда Малеска - Сачмароска и авторот на истражувањето, професорот Драган Гоцевски.

Македонска база на отворени податоци по британски терк

Прилог на  Телевизија Телма за концептот на отворени податоци, кој е дел од проектот "Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација", кој Центарот за управување со промени го спроведува со Министерството за информатичко општество и администрација.

Покрај извршнио директор на ЦУП, Неда Малеска-Сачмароска, придобивките од отворените податоци ги објаснува и британскиот експерт, Ендрју Стот. 

Обука за истражувачко новинарство во Штип - прилог на Телевизија Ирис

Прилог на Телевизија Ирис за обуката за истражувачко новинарство, која во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, на 19-ти и 20-ти Октомври, се одржа во Штип. 

Интерактивната обука за студентите по новинарство од универзитетите "Кирил и Методиј" во Скопје и "Гоце Делчев" во Штип  ја одржаа новинарите Снежана Лупевска Созен и Младен Чадиковски, како и адвокатот Лазар Сандев.

Обука за истражувачко новинарство во Штип - прилог на Телевизија Стар

Прилог на Телевизија Стар за обуката за истражувачко новинарство, која во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, на 19-ти и 20-ти Октомври, се одржа во Штип. 

Интерактивната обука за студентите по новинарство од универзитетите "Кирил и Методиј" во Скопје и "Гоце Делчев" во Штип  ја одржаа новинарите Снежана Лупевска Созен и Младен Чадиковски, како и адвокатот Лазар Сандев. 

Презентација на платформата за истражувачко новинарство - прилог на Телевизија Ирис

Прилог на Телевизија Ирис за презентацијата на платформата за соработка и дијалог меѓу граѓанските организации и медиумите, која се одржа во Штип.

"Ние во рамки на проектот имавме 8 мали проекти, финансирани со цел да спроведат заеднички истражувања со граѓански организации и да актуелизираат одредени прашања кои задираат во демократијата и особено во човековите права" - изјави Искра Белчевска Ристовска, проектен менаџер во Центарот за управување со промени. 

Презентација на платформата за истражувачко новинарство - прилог на Телевизија Стар

Различните начини на истражување, од една страна на новинарите и од друга страна на граѓанските организации, придонесоа за исцрпни истражувања, кои денес се пренесени на повеќе медиуми, изјави Искра Белчева Ристовска, проектен менаџер на проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократија и човековите права"

ВЕБ страниците на општините сиромашни со податоци

"Само една општина од 81 општина, само една има објавено податоци и информации за тоа каква е состојбата во однос на нивото на загадувачките супстанции во водата, во воздухот и во почвата. Исто така, најголем дел од општините воопшто не ги ни објавуваат своите урбанистички планови" - изјави извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, во прилот емитуван на телевизијата Алсат-М, подготвен од новинарот Мирко Трајановски.

Таа ги презентираше резултатите од обемното истражување спроведено од ЦУП за веб транспарентноста на општините во Македонија и за тоа што граѓаните  најмногу сакаат да биде јавно објавено од општинските власти.  

За проблемот со привремените вработувања во јавната администрација

Извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, одговара на прашањето поставено до платформата Само Прашај, за проблемот со привремените вработувања во јавната администрација и на кој начин праксата на нивната трансформација во постојан работен однос го изигрува системот на вработувања според заслуга , кој треба да се применува во јавниот сектор. 

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Центарот за управување со промени.

 

Одговор на прашање на платформата "Само прашај"

Можат ли граѓаните да бидат вклучени во носењето одлуки на администрацијата?

Д-р Наталија Шикова, од Центарот за управување со промени одговара на прашањето поставено на платформата "Само Прашај"

Анализа на трошоците на екстерното тестирање

Г-ѓа Гордана Стефковска Вељановска дава преглед на направените трошоци за спроведување на екстерното тестирање во период од пет години.

Неда Малеска Сачмароска за ТВ 24 Вести

Изјава на извршната директорка на Центарот за управување со промени - Неда Малеска Сачмароска за ТВ 24 Вести. Кои беа наодите за екстерното тестирање кои Центарот за управување за промени ги објави во септември 2016. Целото истражување е достапно тука, додека пак овде можете да го најдете инфографикот . 

Ставовите и мислењата на граѓаните за јавната администрација се најважни

Државната и јавната администрација треба да биде сервис на граѓаните и на бизнис секторот. Гордана Стефковска Вељановска проектен менаџер на проектот Административна правда објаснува каква е состојвата во Македонија по ова прашање. 

Отворете ги податоците

Погледнете го нашето креативно видео за: Отворени податоци во рамки на проектот Граѓанинот на прво место, кое има за цел да ја подигне свеста за отворени податоци и нивно приближување до пошироката јавност. 

Изјава за медиумите: Ефикасност на државната и јавната администрација

На 29-ти март во хотел Александар Палас се одржа националната средба на тема: Ефикасност на државната и јавната администрација – со работен наслов – вработувањата во администрацијата.

Во рамките на настанот беа презентирани два извештаи, од кои едниот се однесува на обемот на администрацијата, анализиран од различни аспекти. Вториот извештај се однесува на перцепциите и мислењата на граѓаните во однос на големината и ефикасноста на државната и јавната администрација и е добиен со теренско истражување на репрезентативен примерок.

,,Истражувачите во акција"

,, Истражувачите во акција" интервју на Алсат телевизија со Искра Белчева - Ристовска , проектен менаџер во ЦУП 

Отворени податоци на општините

Извршниот директор на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска говореше за концептот на отворени податоци и нивното значење од аспект на транспарентноста и економскиот потенцијал за општините во Република Македонија.

Одговор на прашање на платформата „Само Прашај"

Зошто ние обичните граѓани кои не сме дел од ниедна партија не уживаме исти права како партиските активисти во државната администрација и слични работи поврзани со бенифициите кои партиите им ги овозможуваат на активистите?

Поголема партиципација - подобри политики и регулативи

Промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување одлуки.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk