Повик за набавка на услуги за дизајн, подготовка и печатење на промотивен материјали

schedule Дата: 05.06.2018 година

Центарот за управување со промени од Скопје, во рамките на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги”, финансиран од Европската Унија кој се реализира во рамките на програмата “Национална програма за помош при транзиција и институционална надградба 2013”, , објавува повик за набавка на услуги за дизајн, подготовка и печатење на промотивен материјал за потребите на проектот.

Понудите се доставуваат во писмена форма. Понудите се доставуваат во еден затворен плик , на кој во долниот лев агол треба да стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“ и бројот на повикот 06/2018 на кој се однесува понудата. Во средината на пликот треба да биде назначена точната адреса и проектот: „Граѓански ориентиран пристап во испораката на јавни услуги“, Центар за управување со промени, ул. Рајко Жинзифов 44/1, Скопје. Пликот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот/ понудувачот. Потребно е во понудата да биде издвоена финансиската понуда во посебен плик (посебен плик внатре во пликот кој се доставува) и да биде означена.

Доставувањето на понудите се врши по пошта или директно во канцелариите на ЦУП.

Краен рок на доставување на понудите е до 20 јуни 2018 година до 16 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на ЦУП, info@cup.org.mk, најдоцна до 8 јуни 2018 година.

Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена.

Повеќе информации може да најдете во прикачените документи, односно целиот повик и тендерската документација.


file_copy Документација за повикот


ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk