Повик 10/2019 за набавка на услуги за изработка на Патоказ за подобрување на јавните услуги

schedule Дата: 04.03.2019 година

  1. Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испораката на јавни услуги“ кој е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британската Амбасада Скопје,replicas tag heuer  има потреба од набавка на услуги за изработка на Патоказ за подобрување на јавните услуги.

  2. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)

Потребно е да се испорачаат услугите во периодот од март до јуни 2019 година.

ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот

    3. Ве охрабруваме да ни доставите ваша понуда за горенаведената покана.

Понудата треба да ги содржи следните елементи:  

 4. Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:

 

Р.

бр.

Услуга

Експертски денови

Единечна цена за ден нето/без

персонален

данок (во

МКД)

Вкупна цена

1.

Изработка на Патоказ за организациски, правни и технички реформи за ефикаснa и одржливa испорака на јавните услуги, вклучувајќи и релевантни консултации.

9

 

 

2.

Учество на јавен настан за подобрување на јавните услуги

1

 

 

Тотал

10 денови

 

 

Изборот на експертите ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.   

  1. Начин на доставување на понудите

Понудите треба да се испратат електронски на е-мејл адресите: info@cup.org.mk и Iskra.belcheva@cup.org.mk со наслов на е-мејл пораката: За Повик 10/2019 – проект ССА.

Крајниот рок на доставување е до 11 март 2019 година до 12 часот. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.  

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку е-мејл адресите: info@cup.org.mk и iskra.belcheva@cup.org.mk најдоцна до 7 март 2019 година.

Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена. Во случај кога експертот е одбран,replicas rolex истиот се  обврзува да ги задржи понудените цени за времетраењето на кое се однесува предметната набавка.

 

 

 

 


file_copy Документација за повикот


ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk