Повик 02/2019 за набавка на услуги-Правен субјект за обезбедување менторски услуги и реализација на пет советодавни работилници во областа на стандардизација на домашните мали и средни претпријатија

schedule Дата: 15.03.2019 година

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Надминување на јазовите помеѓу мултинационалните компании и домашните МСП во Македонија” кој се реализира во рамките на „Програмата за помош при транзиција и институционална надградба 2013”), има потреба од набавка на правен субјект за обезбедување (1) менторски услуги и (2)реализација на пет советодавни работилници за раст и развој на домашните мали и средни претпријатија (МСП)

  1. Опис на услугата за менторски услуги na 7 домашни компании:

а) Развој на методологија за спроведување на менторска програма

б) Спроведување на менторската програма

в) Евалуација на резултатите од менторската програма

г) Извештај од спроведената менторска програма

     (2) Опис на услувата за реализација на пет советодавни работилници за 20 домашни компании:

               а) Подготовка на материјал за спроведување на 5 работилници

               б) Реализација на 5 работилници

               в) Извештаи од секоја реализирана работилница

Подетален опис на бараните услуги се наоѓа во Проектната задача, документ кој е во прилог на овој повик.

  1. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)

За услугата предвидено е консултантската куќа да ја реализира во период од месец 1 април 2019 – 1 октомври 2019 година. ЦУП го задржува правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаната услуга од страна на добавувачот во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.

 

За набавката ќе се ангажира правен субјект – организација или консултантска куќа со искуство и познавање на областите наведени во проектната задача

За таа цел, ве молиме да ни доставите Ваша понуда за горе наведенава покана во рок од 7 работни дена од денот на нејзиното објавување. Понудата треба да содржи квалитативна и финансиска понуда.


file_copy Документација за повикот


business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk