Пoвик 02/2019 за набавка на услуги – изработка на кратки видеа

schedule Дата: 27.05.2019 година

За потребите на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“, кој е финансиран од Делегацијата на Европската Унија, Центарот за управување со промени - ЦУП објавува:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 02/2019 за набавка на услуги – изработка на кратки видеа

 

1. Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“, кој е финансиран од Делегацијата на Европската Унија, има потреба од набавка на услуги – изработка на видео материјали. Подетален опис на бараните услуги се наоѓа во техничката спецификација, која е дел од овој повик.

2. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)

Потребно е да се испорачаат услугите по барање на нарачателот, а најдоцна до август 2020 година. ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.

3. Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи:

Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:

Р. Бр.

Услуга

Единечна цена без ДДВ, според времетраење на видеото

1.

Продукција (снимање и монтирање) на кратки видеа на територија на Полог – вклучувајќи ги сите пропратни трошоци (максимум 1 ден)

До 1,5 минута

До 3 минути

До 5 минути

 

 

 

 

2.

Продукција (снимање и монтирање) на кратки видеа на територија на Охрид, Струга или Елбасан – вклучувајќи ги сите пропратни трошоци (максимум 2 дена)

 

 

 

3.

Превод и адаптација на видео на дополнителен јазик (албански или англиски јазик)

 

 

 

 

Изборот на добавувач ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.

Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши и избор на понуда е следната:

Квалитативна евалуација

Максимум можни бодови

Листа со референци со краток опис на претходни слични ангажмани

10

Квалитет на претходно изработен материјал

40

Квалитет на предлог идејни решенија

10

Вкупно бодови за квалитативна евалуација

60

Финансиска евалуација

Максимум можни бодови

Вкупно бодови за финансиска евалуација

40

Финална евалуација

 

Просечна оценка за квалитативна евалуација

60

Просечна оценка за финансиска евалуација

40

Вкупна оценка

100

5. Услови и начин на плаќање

Плаќање: врз основа на договор по испорачана услуга и доставена фактура на НЕТО износ.

6. Набавката е неделива.

7. Начин на доставување на понудите

Понудите се доставуваат во писмена форма. Понудите се доставуваат во еден затворен плик, на кој во долниот лев агол треба да стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“ и бројот на повикот 02/2019 на кој се однесува понудата. Во средината на пликот треба да биде назначена точната адреса и проектот: „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“, Центар за управување со промени, ул. Рајко Жинзифов бр. 44/1, Скопје. Пликот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот/ понудувачот. Потребно е во понудата да биде издвоена финансиската понуда во посебен плик (посебен плик внатре во пликот кој се доставува) и да биде означена.

Доставувањето на понудите се врши по пошта или директно во канцелариите на ЦУП.

Краен рок на доставување на понудите е до 07 јуни 2019 година до 14 часот. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата на ЦУП info@cup.org.mk и на aleksandar.samardjiev@cup.org.mk најдоцна до 06 јуни 2019 година.

Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена. Во случај кога понудувачот е одбран, истиот се обврзува да ги задржи понудените цени за времетраењето на кое се однесува предметната набавка.

 

Забелешки:

1. Ве молиме пополнете ги сите колони во табелата. Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Затоа, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни.

2. Набавувачот ќе го плати нето-износот (цена без ДДВ) и ќе му ги достави на добавувачот и на надлежниот орган потребните документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет на добра и услуги во земјата.


file_copy Документација за повикот


ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk