ЦУП и МИОА спроведуваат дводневна обука за ПВР | ЦУП
Сподели

ЦУП и МИОА спроведуваат дводневна обука за ПВР

Дата: 13.02.2018

Центарот за управување со промени и Министерството за информатичко општество и администрација започнаа со спроведувањето на дводневната обука за проценката на влијанието на регулативата, која е дел од проектот “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација”.

Обуката се одржува во хотелот “Радика” во Маврово а ја следат советници од кабинетите на повеќе министерства во владата на Република Македонија.

Проценката на влијанието на регулативата е третата компонента од проектот “Поддршка на процесот на реформи во јавната администрација”, финансиран од британската амбасада во Скопје.

Главната цел на овој проект да го поддржи реформскиот процес во клучните државни институции, во рамките на стратегијата за реформа на јавната администрација и според принципите на доброто владеење.

Враќањето на довербата во институциите ќе се врши преку зајакнување на нивната транспарентност и отчетност и воведување на систем за отворени податоци, како и преку подобрување на процесите на стратешко планирање и следење на политиките на Владата.

Истовремено, сакаме да ги засилиме и принципите на управување со човечкиот капитал во администрацијата врз принципите на заслуги и обезбедување на инклузивност и предвидливост на легислативата.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk