Конференција „Визија за енергетска транзиција 2040“ | ЦУП
Сподели

Конференција „Визија за енергетска транзиција 2040“

Дата: 24.01.2021

Во рамки на проектот „Развој на програма за имплементација на Националната стратегија за развој на енергетиката“ , на 26.01.2021 година, со почеток во 11:00 часот на онлајн платформата ZOOM, ќе се одржи конференција „Визија за енергетска транзиција 2040“.

 Целта на конференцијата е да се промовираат активностите околу ревизијата на Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и изработката на Програма за имплементација на стратегијата, и да се отвори дискусија околу владините приоритети и планираните мерки во наредниот среднорочен период, адресирајќи ја имплементацијата на т.н. „зелено сценарио“.

Линк за вклучување: https://us02web.zoom.us/j/84890523214

Проектот „Развој на програма за имплементација на Националната стратегија за развој на енергетиката“ е финансиран од Британската амбасада Скопје преку Фондот за добро управување (GGF), со цел да се даде поддршка на Владата во ревизија на Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и изработка на Програма за имплементација на Стратегијата во наредниот петгодишен период.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk