Презентација на платформа за електронски упис на средношколци | ЦУП
Сподели

Презентација на платформа за електронски упис на средношколци

Дата: 06.04.2022

На 06.04.2022 година во хотел Хилтон, ЦУП организираше презентација на новата дигитална услуга на МОН „Платформа за електрoнски упис на средношколци“.

На настанот присуствуваа директорите на средните училишта во РСМ, каде поздравни говори дадоа извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, Амбасадорката на Обединетото Кралство во РСМ Рејчел Галовеј и Министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Професорот од ФИНКИ Боро Јкимовски и ИТ специјалистот Даниел Кипријановски ја презентираа новата платформа пред присутните просветни работници кои после презентацијата се вклучија во плодна дискусија во врска со примената на платформата како и за потребата од поширока дигитализација на образованиот систем. 

Платформата е изработена од страна на ЦУП со поддршка на British Embassy Skopje

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk