Обука за алатките на ПВР во Велес

Дата: 28.02.2018

Центарот за управување со промени и Министерството за информатичко општество и администрација започнаа со реализација на втората обука за проценката на влијанието на регулативата, која е дел од проектот “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација”.

Во фокусот на дводневната обука која се спроведува во Хотелот “Гарденија” во Велес се алатките за спроведувањето на ПВР а ја следат координаторите за проценка на влијанието на регулативата од повеќе министерства во владата.

Инаку, проценката на влијанието на регулативата е третата составна компонента од проектот “Поддршка на процесот на реформи во јавната администрација”, финансиран од британската амбасада во Скопје.

Целта на овој проект е да го поддржи реформскиот процес во клучните државни институции, во рамките на стратегијата за реформа на јавната администрација и според принципите на доброто владеење.

Враќањето на довербата во институциите ќе се врши преку зајакнување на нивната транспарентност и отчетност и воведувањето на системот за отворени податоци, како и преку подобрување на процесите на стратешко планирање и следење на политиките на Владата.

Ќе се засилат и принципите на управување со човечкиот капитал во администрацијата врз принципите на заслуги и обезбедување на инклузивност и предвидливост на легислативата.

Галерија на новоста

Обука за ПВР - Велес

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk