Работилница за нов иновативен пристап при креирање политики

Дата: 15.02.2019

Креирање на нови јавни политики и нивно спрoведување преку анализа на податоци за однесувањето на засегнатите страни (behavioral insights approach), пред сѐ на граѓаните како корисници, беше темата на тродневната обука (13-15.02.2019), која ја реализиравме во рамки на проектот „Носење промени - добро управување и ефективност во јавната администрација“, чиј главен корисник е Министерството за информатичко општество и администрација.

Овој иновативен пристап на креирање јавни политки, чија главна цел е подобрување на јавните услуги за граѓаните, беше презентиран од страна на проф. Пабло Брањас - Гарза и Диего Хорат од Loyala Behavioral Lab, Universidad Loyola Andalucía, Шпанија. Ваквата иновација за првпат во РМ беше претставена нa оваа обука, за подоцна да биде разработена и пилотирана на неколку заеднички избрани прашања/политики.

Проектот е поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британска амбасада - Скопје.

Галерија на новоста

Работилница за нов иновативен пристап при креирање политики

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk