Завршна конференција на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги”

Дата: 17.06.2019

Денеска ја одржавме завршната конференција на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги”, кој е финансиран од страна на Delegation of the European Union, Skopje и ко-финансиран од Британската Амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени и Асоцијација Зенит / Association Zenith во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација.

На конференцијата воведни обраќања имаа: Александар Бајдевски, Заменик министер за информатичко општество и администрација, Ирена Иванова, Делегација на Европска Унија и Александар Николов, Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит.

Додека клучните сознанија, резултатите и препораките од проектот во насока на подборување на јавните услуги беа изнесени од страна на: Искра Белчева Ристовска, Центар за управување со промени, Јованка Дамоска Секулоска, универзитетски професор, Фани Михајловска, адвокат, Зоран Биковски, КХАМ - Делчево и Зоран Гичевски, Асоцијација Зенит.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk