Центар за управување со промени | Новости

ОГЛАС за работна позиција: Асистент на проект и лице за односи со јавност

Дата: 09.01.2020

Центарот за управување со промени (ЦУП) има потреба од ангажман на Асистент на проект и лице задолжено за односи со јавност за потребите на проектот „Развој на микро-претпријатија за жени во прекуграничната област".  Проектот е поддржан преку Делегацијата на Европската унија и се спроведува во рамки на „Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија за 2014 и 2015 година" со фокус на регионите Полог и Елбасан.

Главна задача на Асистент и лице задолжено за односи со јавност е да помага во целиот тек на спроведувањето на активностите и задачите на проектот и да ги врши сите задачи поврзани со информирање на јавноста и комуникација со корисниците и целните групи, како и соодветните институции. Под водство и надзор на координаторот на проектот, асистентот на проектот ќе помага на проектот и ќе се грижи за целокупната видливост на проектот и одржување на односите со јавноста. 

Клучни должности за позицијата:

  • Обезбедува помош и поддршка во координација и спроведување на проектните активности и реализација на предвидениот работен план и буџет на проектот;
  • Покривање на прашања поврзани со односи со јавност и видливост на проектот во согласност со регулативите и барањата на ЕУ и организација на соодветни активности за подобра видливост на проектот;
  • Креирање на ефективни пораки за постигнатите цели и резултати на проектот и испраќање до пошироката публика и специфичните целни групи на проектот;
  • Организација на активности за тековна размена на информации со засегнати страни, вклучувајќи медиуми и соодветни институции на национално и локално ниво;
  • Работи заедно со другите членови на тимот и му помага на раководителот на проектот да се остварат предвидените цели, резултати и влијание и претставува неопходна административна и логистичка поддршка на проектниот тим;
  • Превзема одговорности за администрирање на проектот во согласност со регулативите и процедурите на ЕУ;
  • Учествува во останати специфични активности на проектот и подготовка на  извештаи доколку е потребно.
  • Квалификации и работно искуство
  • Високо образование во областа на општествените науки и/или новинарство;
  • Познавање и искуство во спроведување на проекти и комуникација и односи со јавност;
  • Работно искуство во период од 2 години на иста или слична работа, пожелно на ЕУ проекти;
  • Познавање на административна и канцелариска работа;
  • Познавање и користење на апликациите на Microsoft Office (Word, Excel, Outlook, PowerPoint);
  • Одлично познавање на англиски јазик (зборување и пишување);
  • Силни административни и организациски вештини, како и флексибилен пристап за работа;
  • Добри меки вештини (комуникација, тимска работа, одговорност).
  • Позицијата е предвидена со полно работно време со нето надоместок од 25.000 МКД и сите платени придонеси како дел од вработувањето за времетраење на проектот заклучно со 30 септември 2020 година и можност за продолжување во рамки на организацијата на иста или слична позиција.
  • Доколку сте заинтересирани, ве молиме да го поднесете вашето CV во европски формат на англиски јазик, заедно со придружно мотивациско писмо и диплома за завршено високо образование во електронска верзија најдоцна до 20.01.2020 година на е-пошта vesna.gligorova@cup.org.mk со назнака - Апликација за проектен асистент.

  • Забелешка: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор согласно со горенаведените критериуми ќе бидат контактирани.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk