ЦУП и партнерите во хумана мисија во период на пандемијата од КОВИД 19 | ЦУП
Сподели

ЦУП и партнерите во хумана мисија во период на пандемијата од КОВИД 19

Дата: 17.04.2020

Во рамките на "Проектот за развој на микро-претрпијатија на жени во прекуграничната област" жените претприемачки заедно со тимот кој го имплементира истиот, беа исправени пред нов предизвик, како да го прилагодат процесот на производство на новите потреби на пазарот, но и изменетиот начин на живот согласно мерките за заштита од ковид 19.
Добро испланиран кризeн менаџмент може да доведе до ублажување на последиците од кризата предизвикана од вирусот. Водени од таа цел да се помогне на загрозените групи на граѓани, но и да се зајакнат капацитетите за производство и продажба на жените претприемачи кои се дел од овој проект, тимот на проектот алоцираше средства за изработка на 9.600 заштитни маски за лице.
Модните салони водени од страна на Зелије, Светлана, Салије, Маја, Далиборка и Јуле, се вклучија во оваа активност преорентирајќи го своето производство кон изработка на памучни заштитни маски согласно моменталните потреби на граѓаните.
Крајната цел на оваа акција е донирање на наведените производи во прекуграничните регони Полог и Елбасан, со цел поголема заштита на граѓаните и спречување на ширење на епидемијата. Со тоа овој проект заедно со жените претпримачки директно дадоа свој придонес во борбата со вирусот.

 

 

Si pjesë e "Projektit për Zhvillimin e Mikro-Ndërmarrjeve në zonën Ndër-kufitare", gratë sipërmarrëse, së bashku me ekipin që e zbaton atë, u përballën me një sfidë të re, si ta adaptojnë procesin e prodhimit me nevojat e reja të tregut, por edhe mënyrën e modifikuar të jetës në përputhje me masat për mbrojtjen nga Covid 19.
Menaxhimi i planifikuar mirë i krizave mund të çojë në zbutjen e efekteve të krizës së shkaktuar nga virusi. Të udhëhequr nga ai qëllim për të ndihmuar grupet e cenueshme të qytetarëve, por edhe për të forcuar kapacitetin për prodhimin dhe shitjet e grave sipërmarrëse pjesë e këtij projekti, ekipi i projektit ndau fonde për prodhimin e 9,600 maskave. Sallonet e modës të drejtuara nga Zelje, Svetlana, Salije, Maja, Daliborka dhe Jule, janë përfshirë në këtë aktivitet, duke riorientuar prodhimin e tyre drejt bërjes së maskave mbrojtëse të pambukut, sipas nevojave aktuale të qytetarëve.
Qëllimi përfundimtar i këtij aksioni është dhurimi i produkteve të listuara në rajonet ndërkufitare Pollog dhe Elbasan, me qëllim mbrojtjen më të mirë të qytetarëve dhe parandalimin e përhapjes së epidemisë. Kështu, ky projekt së bashku me gratë sipërmarrëse kontribuuan drejtpërdrejt në luftën kundër virusit.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk