Акцијата продолжува-изработени 1250 заштитни визири | ЦУП
Сподели

Акцијата продолжува-изработени 1250 заштитни визири

Дата: 23.04.2020

Андријана Лефковска е успешна жена претприемач која е активно вклучена во проектот “Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област”, таа заедно со тимот кој го имплементира истиот одлучија да вложат заеднички напори, користејќи го своето знаење и опрема, да дадат свој придонес и да помогнат на својата земја со снабдување на заштитни визири.

Кога Андријана Лефковска ја отворила својата печатница “Фоксел” во Тетово, не можела ни да претпостави дека еден ден со нејзиниот 3Д принтер ќе спасува животи.

Како и цела Европа, така и нашата земја се соочува со недостатог на визири кои пак играат оргомна улога во заштитата од Ковид 19 на оние кои се во првите редови во борбата со вирусот – полицијата, здравствените работници итн.

За таа цел Андријана, заедно со своите вработени во својата печатница во Тетово избработи 1250 визири кои ќе бидат наменети за регионите Полог и Елбасан.

Иако процесот на изработка на визири не е ни малку едноставен, целиот тим работеше брзо и ефикасно со цел да истите да се изработат што е можно побрзо и да им излезат во пресрет на полицијата и здравствените установи на локално ниво.

Ентузијастичниот тим на овој начин го даде својот мал, но вреден придонес во справување со Ковид 19.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk