Инструктажа на анкетари во рамките на проектот Граѓанинот на прво место

Дата: 27.04.2016

Целта на истражувањето кое ќе се спроведе е идентификување на информациите кои им се потребни на граѓаните, а кои општините треба да ги објавуваат на нивните веб страници или да ги објавуваат во форма на отворени податоци.

На инструктажата беа присутни членови на повеќе граѓански организации од урбаните центри на Република Македонија.

Во првиот дел на инструктажата беа опфатени целите на истражувањето, принципите на работа, како и методолошкиот пристап на анкетата. На второто предавање, пак, детално беше објаснет прашалникот кој ќе биде употребуван за целите на истражувањето. После секоја презентација  следеше време за прашања и дискусија, а беа спроведени и практични вежби за претставување на анкетарите пред испитаниците и кратко претставување на истражувањето и неговите цели.

Галерија на новоста

Инструктажа на анкетари за проектот Граѓанинот на прво место

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk