Презентирана медологијата за Cost-Benefit анализа од воведување на електронски услуги

Дата: 06.05.2016

На 06.05.2016 во просториите на Центарот за управување со промени беше презентирана методологијата за cost-benefit анализата од воведување на електронски услуги, како дел од проектот “Поголема партиципација – подобри политики и регулативи”, финансиран од  Македонски Центар за Меѓународна Соработка преку програмата Цивика Мобилитас. Ова ex–ante истражување ќе опфати најфреквентни административни услуги кои се обезбедуваат од државните институции за граѓаните, со цел да се квантифицираат придобивките од нивна дигитализација, односно нивно обезбедување како електронски услуги за граѓаните.

 На презентацијата беа присутни претставници од Македонски Центар за Меѓународна Соработка, Институтот за демократија Societas Civilis, Институтот за човекови права, како и од ЗИП Инситут.

Презентацијата ги опфати сите аспекти од методологијата за истражувањето, по што следеше дискусија за унапредување на одредени аспекти од методологијата и начинот на спроведување на истражувањето.  

 

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk