Консултативен состанок за повик за доделување на грантови на граѓански организации во рамки на проектот Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права | ЦУП
Сподели

Консултативен состанок за повик за доделување на грантови на граѓански организации во рамки на проектот Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права

Дата: 28.06.2016

Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје, во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавија повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО) за акции во рамки на грантова шема на односниот проект.

 Во рамките на овој повик ќе се доделат од 6 до 10 мали грантови во износ од 5,000 до 10,000 евра по грант. Повеќе информации за повикот можете да најдете на следнава веб локација:

http://cup.org.mk/Default.aspx?LCID=251&Control=Announcement.ascx

За заинтересираните кандидати, ЦУП во соработка со партнерската организација ИЧП, на 29.06.2016 година (среда) во ЕУ Инфо Центарот во 14.30 часот ќе организира информативна сесија на која ќе бидат претставени целите на проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“, условите за учество во грантовата шема, процесот на селекција, како и методологијата за спроведување на добиените грантови.

Крајниот рок за поднесување на пријавите  е  8.07.2016

 

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk