Состанок за потпишување на договори за грантови

Дата: 14.11.2016

Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје, во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“,  финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, а кофинансиран од Британската амбасада во Скопје, објавија повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО) за акции во рамки на грантова шема на наведениот проект.

На 11.11.2016 година (петок) во хотел Елит Плаза се одржа состанок за потпишување на договорите со избраните граѓански организации, кој претставуваше и прв координативен состанок на кој беа објаснети правилата за спроведување на грантовите и начините на следење и известување.

Согласно критериумите објавени во Повикот беа избрани 8 грантови за поттикнување на истражувачкото новинарство и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои работат во областа на слободата на изразување, независност и интегритет на медиуми, демократија и човекови права. Списокот на граѓанските организации на кои се доделени грантовите можете да го најдете на следнава веб локација: 

Грантовите ќе се спроведуваат од 15.11.2016 година до 15.05.2017 година.

Галерија на новоста

Студиска посета во Северна Ирска

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk