Oбука на тема ,,Концептот на Отворени податоци и Отворено владино партнерство.”

Дата: 15.02.2017

Во Охрид од 15 до 17 февруари, 2017 г. се реализира тридневна обука на тема ,,Концептот на Отворени податоци и Отворено владино партнерство.”

Учесници беа Граѓански организации и претставници од локални самоуправи од неколку градови на Македонија со што
успешно беше остварен дијалог помеѓу различните општествени актери. Воедно се пренесоа знаењата од страна на тројца обучувачи на следните теми:

- Отворени податоци и Отворено владино партнерство (што значат отворени податоци, што значи Отворено владино партнерство, добри пракси на земји од Западна Европа и какви се состојбите во Македонија),
- Буџетирање од страна на Единици на локална самоуправа (партиципативно буџетирање; програмско буџетирање)
- Начини на комуникација со јавноста (градење на стратегија за комуникација и начини на дисеминација на податоци)
како и принципи на партиципирање на јавноста во процесот на одлучување.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk