Утре ќе бидат потпишани договори за грант со 14 грантисти во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување“

Дата: 14.08.2017

Проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ се реализира од страна на Центарот за управување со промени, во партнерство со Асоцијација за менаџмент консалтинг МКA-2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија.

Проектот има за цел развивање на стандарди за добро управување во локалните самоуправи врз основа на воспоставените стандарди за добро управување од страна на СИГМА и Европската Комисија, т.н. „Принципи на јавната администрација“, и следење на исполнувањето на новите стандарди за добро управување од страна на локалните самоуправи.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk