Повик за пријавување на новинари на обука за интегритет и професионални стандарди во истражувачко новинарство

Дата: 16.08.2017

Институтот за човекови права (ИЧП) и Центарот за управување со промени (ЦУП) во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Британска амбасада Скопје, објавуваат повик за пријавување на новинари на Обуката за интегритет и професионални стандарди на новинарите во истражувачкото новинарство кој се спроведува во рамки на проектот.

Обуката ќе се одржи на 04 септември 2017 (понеделник) во Хотел Арка во Скопје, во периодот од 10:00 до 16:00 часот.

За успешна реализација на Обуката како експерт ќе биде ангажиран реномираниот истражувачки новинар Паул Раду од Романија.

Работен јазик на Обуката ќе биде англискиот.

Сите заинтересирани кандидати да се пријават со испраќање на име, презиме и контакт на е-маил адресата vafire.muharemi@ihr.org.mk најдоцна до 30 август 2017 (среда) 14:00 часот.

Ќе биде применет принципот на прв дојден, прв услужен.

Патните трошоци за новинарите надвор од Скопје ќе бидат надоместени.

Работните материјали, ручекот и кафе паузите наведени во дневниот ред ќе бидат обезбедени од организаторот.

Лице за контакт: Вафире Мухареми - vafire.muharemi@ihr.org.mk или на 075 567 275

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk