Искра Белчева - Ристовска | ЦУП
Сподели

Искра Белчева - Ристовска

Програмски координатор

Искра Белчева-Ристовска има дипломирано на Правниот факултет во Скопје, а магистрирано на Правниот факултет на Универзитетот во Гент, Белгија, во областа на Европско и компаративно право. Тековно е докторант на Економскиот институт Скопје на тема „Влијанието на регионалната политика на ЕУ врз одржливиот развој во земјите членки на на ЕУ“.

Таа има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори. 

Таа учествува како коавтор на повеќе трудови за различни аспекти на подобро искористување на ЕУ фондовите.  Одлично го користи англискиот јазик, а се служи и со францускиот јазик.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk