Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област | ЦУП
Сподели

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Проектот во целина се однесува на потенцијалните и постоечките жени претприемачи и ќе обезбеди неопходна поддршка за да ги зајакнат нивните деловни вештини и ќе обезбеди дополнителна техничка поддршка и помош на жените за да можат да ги развиваат и прошират микро и малите бизниси во прекуграничниот регион меѓу Полог на македонска и Елбасан на албанска страна. Ќе се подготват соодветни планови со цел да се изградат капацитетите на жените претприемачи околу три блока на поддршка:

1. Градење на вештини и способности на потенцијалните претприемачи за започнување сопствен бизнис. 

2. Подобрување на производството и приходот за постојните микро-претпријатија и организирање на поддршка за градење на капацитетите на фирмите поврзани со производство на нови производи, подобрување на продажбата и трговијата, вмрежување и B2B средби.

3. Ревидирање на политиките за развој на микро-претпријатија и поддршка на женско претприемништво. 

Период 01.04.2018 - 30.09.2020

Донатор: Делегација на Европската унија

Краен корисник на проектот: Потенцијални и постоечки жени-претприемачи во регионот на Полог и Елбасан.

Главна цел:

Проектот ќе ја зголеми конкурентноста на жените и ќе го зајакне женското претприемништво во регионот на Полог и Елбасан и ќе обезбеди одржливи решенија за развој на микро и малите бизниси на жените во прекуграничната област.

Под покровителство на оваа општа цел постојат четири специфични цели:

Цел 1: Да се ​​зголемат личните претприемачки вештини и деловните компетенции на жените вклучени во формални или неформални бизниси.

Цел 2: Да се ​​обезбедат услуги за правна поддршка во деловното работење.

Цел 3: Да се ​​подобри производството, пристапот до пазарни можности и можности за развој на бизнисот и да се зголеми прекуграничната соработка.

Цел 4: Да се ​​подобрат / ревидираат владините мерки и политики за локална и национална поддршка на женското претприемништво.

Очекувани резултати:

Врз основа на предложените цели и активности предвидени со проектот, се очекуваат пет главни резултати:

Резултат 1: Подобрени вештини и компетенции во управувањето со бизнисот, намалување на ризикот во работењето и зајакнати претприемачки ставови и деловни вредности.

Резултат 2. Воспоставени советодавни услуги за жени претприемачи со цел да се зголемат економските активности и развојот на бизнисот.

Резултат 3. Дисеминирани услуги за правна и економска поддршка и обезбедени информации за правата и обврските на претприемачи, како и индивидуални совети за различни правни и економски прашања.

Резултат 4: Зголемена економска активност во производството, трговијата и продажбата на локални производи како резултат на зголемен број на производи, подобрување на дизајнот на производи, пакување, прекугранична соработка и / или онлајн продавница и маркетинг.

Резултат 5: Подготвени нови предлог политики и мерки за заедничка активност на локалните и националните власти за да ги искористат предностите на жените во бизнисот.

Проектот е финансиран од Европската Унија



Публикации од проектот

Галерија на проектот

Снимени три видеа за жени претприемачки во Елбасан, Албанија

Донациска акција - донирана е опрема за заштита од Ковид 19

Обуки за бизнис планирање на жени претприемачки

Tрета и четврта бизнис средба со жени претриемачки од Полошкиот регион

Обука за развивање на промотивен комуникациски план, финансиски план и развој на реален бизнис план

Плодна дискусија и разработка на планови за следни инвестиции се дел од втората бизнис средба со жени претприемачки од Полошкиот регион

Технички консултации за бизнис - истражување на пазарот и логика на добивка и профит Konsultime teknike për biznes-hulumtimi i tregut dhe logjika e fitimit dhe profitit

Бизнис планирање за почетни бизниси во полн ек!

Втора промоција на проектот за развој на микро-претпријатија на жени во Гостивар

Продуктивни средби со CCIS како албански партнер и имплементатор на прекуграничниoт проект за планирање на бизнис и инвестиции

Граѓански ресурсен центар - Гостивар Бизнис средби и интервјуа за утврдување на потребите за обука и развој

Бизнис сесии и интервјуа со жените кои сакаат да основаат бизнис и жените претприемачки кои веќе основале свое микро-претпријатие

Одржан состанок на проектниот тим во Поградец, Албанија

Во Тетово промовиран проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекугранична област

Во Гостивар промовиран проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област

Разговори со бизнис жени

Видео

Рачна изработка на традиционална облека: Ханифе Хоџа- Елбасан, Албанија

Ханифе Хоџа, жена од Елбасан, Албанија, која ја зачувува традицијата изработувајќи традиционална облека рачно везена.

Ресторан Сајгија- Гостивар

Ресторанот Сајгија е уште една успешна бизнис приказна реализирана во услови на Ковид 19. Со поддршка на проектот за “Развој на микропретпријатија на жени во преку-граничниот регион“ , ресторанот Сајгија го искористи своето долгогодишно искуство во подготовка на традицинонални јадења и започна со производство и продажба на домашно подготвен: ајвар, пинџур и кечап.

Елвира Фетаху- ФИРМА ЕЛ

Елвира Фетаху- жена претприемачка која заедно со своите сестри управува со успешна компанија, основана од нивната мајка во 1991 година во Елбасан-Албанија. 

Елса Гега- застапник на македонскиот бренд Дуки Дасо во Албанија

Елса Гега- жена претприемачка од Елбасан, застапник за македонскиот бренд Дуки Дасо во Албанија.

Успешен пример за преку-гранична бизнис соработка помеѓу РСМ и Република Албанија.

Дел е од маркетинг кампањата во рамки на Проектот за развој на микро претпријатија на жени во преку-граничниот регион. 

Марта Пејоска- Изработка на филигран и сребрен накит

Марта Пејоска од Охрид е дел од маркетинг кампањата во рамки на проектот за Развој на микропретпријатија на жени во преку-граничната област. Професионално е посветена на дизајнирање и изработување на накит од сребро. Матичната техника во која работи е филигранската техника. Филигранот како дел од Македонското културно наследство е она што за неа го прави уште повеќе посебен и преку својата работа таа придонесува за неговата заштита.

Aнгела Петрушевска- АЗУР-МА

Ангела Петрушевска е успешна претприемачка во компанијата АЗУР-МА, кој е семеен бизнис и во последните 3 години гради препознатлив бренд во регионот. Компанија се занимава со производство на природни сапуни произведени од природни суровини кои содржат мед и козјо млеко. Производството е проширено со сапуни за перење, мелен за рачно и машинско перење и во тврда состојба. Сите суровини кои се користат во производството се набавени од руралните места во Р.С.Македонија. Ангела е дел од маркетинг кампањата во рамки на проектот за Развој на микропретпријатија на жени во преку-граничната област. 

Видео ретроспектива на "Проектот за развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област 

Видеото претставува кратко резиме за сите досегашни активности и постигнати резултати во рамките на проектот, но и предизвиците кои беа успешно надминати.

Промотивно видео за онлајн платформата womenpoweron.com

Промотивно видео за онлајн платформата womenpoweron.com На платформата може да се најдат широка палета на производи и услуги изработени од страна на жени претприемачки. Нарачката се одвива онлајн, а испораката се врши директно до корисникот. Со секој купен производ од страната womenpoweron.com директно придонесувате до развој на женското претприемништво.

ЦУП донираше заштитна опрема од Ковид-19 во Општина Тетово изработена од жени претприемачки

ЦУП заеднo со партнерските организации во Општина Тетово, донираше опрема за заштита од Ковид-19 која опфаќа 4800 заштитни маски за лице, 625 визири и 550 антибактериски органски сапуни.Целата опрема е изработена од жени претприемачки од регионот на Полог и Елбасан кои се вклучени во проектот “Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“ финансиран од Европската Унија.

Зајакнување на женското претприемништво

Зајакнувањето на женското претприемништво и обезбедувањето одржливи решенија за развој на микро и малите бизниси на жените е многу важно за да се искористи потенцијалот на жените.Особено, значајно е да се работи на руралните средини и пограничните региони, каде жените немаат доволно поддршка да се охрабрат и да започнат бизнис.

Со вакви активности треба да се зголемат личните претприемачки вештини и деловните компетенции на жените вклучени во формални или неформални бизниси. Да се обезбедат услуги за правна поддршка во деловното работење. Да се подобри производството, пристапот до пазарни можности и можности за развој на бизнисот и да се зголеми прекуграничната соработка. Да се подобрат и ревидираат владините мерки и политики за локална и национална поддршка на женското претприемништво.

За сите овие прашања, на темата, дискутираат Јасна Пајковска – проектен менаџер во Центарот за управување со промени и Мартин Сопронов – програмски координатор во Институтот за човекови права

.

ЦУП се вклучи во борбата против КОВИД 19

Центарот за управување со промени преку проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област” се вклучи во борбата против новиот вирус КОВИД 19 и ублажување на последиците од него.

Со цел да се помогне на загрозените групи на граѓани и здравствените работници во двата региони, но и зајакнување на капацитетите за производство и продажба на жените претприемачки кои се дел од проектот, ЦУП и партнерите кои го имплементираат овој проект алоцираа средства за изработка на 9.600 заштитни маски за лице, 1.250 3Д визири и 1.100 антибактериски сапуни. Сите производи кои ќе бидат изработени од фирмите кои се дел од оваа акција ќе бидат донирани во здравствените установи, полицијата и ризичните групи на граѓани.

Со оваа акција даваме голем придонес како во заштита на граѓаните и спречување на вирусот, така и финансиска поддршка на фирмите кои се вклучени во акцијата. Директно влијаеме на нивната ликвидност во овој период кога се забележува значителен пад на деловниот сектор.

ЦУП секогаш настојува промените во општеството да ги претвори во позитивни резултати, така и во време кога се соочуваме со голем предизвик ќе одговориме со наша поддршка. ЦУП и во иднина ќе ги мобилизира расположливите ресурси и ќе преземе чекори за помош на најранливите категории во услови на оваа непогода, затоа што секој мал придонес е од големо значење за заедницата.

Маја Кироска - пример за успешна жена претприемач на која општествените рамки не и претставуваа никаква препрека на патот до успехот

Маја Кироска - пример за успешна жена претприемач на која општествените рамки не и претставуваа никаква препрека на патот до успехотВидеото е подготвено во рамките на Проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област, со цел да поттикне и охрабри и други жени кои имаат желба и потенцијал да развијат свој бизнис и да го работат она што го сакаат.

Trajnim për planifikim të biznesit për gratë sipërmarrëse

Me ane te ushtrimeve praktike dhe trajnimeve interaktive mbi 40 gra te rajonin nderkufitar Maqedoni-Shqiperi i pervetesuan teknikat e zhvillimitnte biznis planeve dhe zgjeruan njohurite per nisje te biznesit personal si dhe promocion te tij.
Si rezultat i trajnimeve u mundesua lidhje te grave te rajonin nderkufitar dhe rritje te mundesis te bashkpunimit te tyre ne te ardhmen.

Обуки за развој на бизнис планови на жени претприемачки

Преку практични вежби и интерактивни обуки над 40 жени во прекуграничниот регион МК/АЛ  ги совладаа техниките за развој на бизнис планови и ги надградија знаењата за започнување на сопствен бизнис и промовирање на истиот. Како резултат на обуките се овозможи поголемо поврзување на жените од прекуграничниот регион и зголемување на можноста за нивна идна соработка.

Krijojmë një të ardhme të përbashkët

Creating a Common Future

Një ngjarje të rëndësishme promovuese !

Organizojmë një ngjarje të rëndësishme promovuese për projektet e mbështetura në programin e bashkëpunimit ndërkufitar midis Republikës së Maqedonisësë Veriut dhe Republikës së Shqipërisë. Programi financohet nga Bashkimi Evropian në vlerë totale prej 3 milion euro. Veprimtaria synon promovimin dhe avancimin e turizmit në rajonin ndërkufitar. Ajo do të organizohet më 10 korrik 2019 në Ohër dhe do të zhvillohet në disa vende që ofrojnë përmbajtje më të larmishme. Hapja zyrtare dhe konferenca do të bëhen në Hotel Nova Riviera, duke filluar nga ora 10.30. Hapja e Qendrës së Shpëtimit në Kryqin e Kuq në orën 11.30. E gjithë ngjarja do të shoqërohet me ekspozita të projekteve - 9 projekte të mbështetura dhe më shumë se 30 organizata që marrin pjesë në program. Urdhëroni në Ohër më 10 korrik!

Голем промотивен настан

Организираме голем промотивен настан на проектите поддржани во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

Деловна средба за вмрежување на жени претприемачки од Полог и Елбасан

На женското претприемништво од регионите на Полог од македонска страна и Елбасан од албанска страна, му е потребен дополнителен поттик. Токму затоа, Центарот за управување со промени - ЦУП во соработка со Центарот за компаративни и меѓународни студии од Тирана, Институтот за човекови права и Фондацијата „Егалите“ одлучија да реализираат едно поинакво одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8ми март, односно да спроведат деловна средба за вмрежување на бизнис жени од регионите на Полог и Елбасан. Целта на средбата, која се одржa од 08 до 09 март 2019 во Охрид, беше преку претставување на компаниите од регионите на Полог и Елбасан и споделување на искуствата на бизнис жените од овие два региона да се разгледаат можностите за нивно деловно поврзување и соработка во секторите во кои работат. Проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничниот регион е финансиски поддржан од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Како од идеја до исплатлив бизнис?

Проектот за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област претставува одлична можност за оние кои имаат некаква идеја, но не знаат како да започнат одреден бизнис.

Заинтересираните жени од Полошкиот регион, кои сакаат да научат како своите идеи да ги преточат во исплатлив бизнис, може да се пријават за следниот циклус на обуки во Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management на телефонскиот број 02/ 609 22 16.
____________

Projekti për zhvillimin e mikro-ndërmarrjeve të grave në rajonin ndërkufitar paraqet mundësi të shkëlqyer për ata të cilat kanë ndonjë ide, por nuk dijnë se si të fillojnë një biznes të caktuar.

Gratë e interesuara nga rajoni i Pollogut, të cilat duan të mësojnë se si idetë ti shndërrojnë në një biznes të vlefshëm, mund të paraqiten për ciklin e rradhës së trajnimeve, te Qendra për menaxhimin me ndryshimet në numrin e telefonit: 02/ 609 22 16.

Во Тетово промовиран проектот за развој на микро-претпријатија на жени во прекугранична област

Проектот во целина се однесува на потенцијалните и постоечките жени претприемачи и ќе обезбеди неопходна поддршка за да ги зајакнат нивните деловни вештини и ќе обезбеди дополнителна техничка поддршка и помош на жените за да можат да ги развиваат и прошират микро и малите бизниси во прекуграничниот регион меѓу Полог на македонска и Елбасан на албанска страна.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk