Поддршка во развојот на Парламентарниот институт

Од 2010, NDI, со финансиска поддршка швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), го поддржа оснивањето и развојот на Парламентарниот институт (ПИ) како независен извор на Собранието во истражување и анализа на законодавството - иницијатива која гарантира понатамошен развој на модерното законодавство добро опремено да ја одигра својата улога за континуирана демократизација и евроатланска интеграција на Р. Македонија.

Во рамките на проектот "Поддршка во оснивањето и развојот на Парламентарниот институт", Центарот за управување со промени беше ангажиран од страна на NDI да спроведе обука и совети на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија. Оваа поддршка ќе придонесе во насока на градење на институционалните капацитети на Парламентарниот институт во извршувањето на својата улога како непристрасна и професионална служба за  истражување и информирање на Народното собрание.

Период 01.03.2015 - 31.12.2017

Донатор: NDI преку швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)

Краен корисник на проектот: Парламентарен институт на Собранието на Република Македонија

Главна цел:

Поддршка на парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија

Очекувани резултати:

  • Развој на напреден менаџмент и комуникациски вештини
  • Развој и одржување на професионални односи со пратеници и високи именувани функционери
  • Спроведување на анализа на постојните организациски предизвици и развој на извршни планови за подобрување
  • Обука и совети за проценка на ризикот, планирање за ублажување на ризикот, имплементација и мониторинг на напредокот (одржливост во решавање проблеми)
  • Развој на финансиски и човечки ресурси менаџмент вештини

Проектот е подржан од NDI - National Democratic Institute



Галерија на проектот

Обука за обучувачи за Парламентарниот институт

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk