Подобрување на регулаторниот процес во Македонија

Процесот резултираше со усвојување на ПВР методологија, шаблони и промени во владините процедури, анализа на процесот три години подоцна и поедноставување на процедурите. Процесот беше спроведен заедно со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија Сектор за економски политики и регулаторна реформа и со Министерството за информатичко општество и администрација.

Период 01.03.2012 - 30.06.2013

Донатор: Британска амбасада преку ДИВ (Дипломатски влијанија и вредности)

Краен корисник на проектот: Министерство за информатичко општество и администрација

Главна цел:

Зајакнување на владините структури и процедури кои го обезбедуваат спроведувањето на реформите во регулаторниот процес

Очекувани резултати:

Развиени структури и процедури за потенцијалните влијанија од новите регулативи (ПВР) во рамките на јавната администрација  

  • Осниван кор тим од ПВР експерти во МИОА и во рамките на законодавните единици во сите министерства;
  • Предложена ажурирана законска рамка која ќе ја формализира ПВР и ќе воспостави најдобри практики и процедури во имплементацијата на ПВР;
  • Објавени шаблони за процесот на консултации на сите владини веб-сајтови.

 Развиени наставни програми за проценка на потенцијалните влијанија од новите регулативи за центарот за обука на јавната администрација

  • Развиен општ модел на обука за ПВР, во рамките на подготовката на регулаторниот процес.

 Спроведена обука за обучувачи за ПВР

  • Спроведена обука на 20 обучувачи кои ќе обезбедат спроведувањето на понатамошната обука во ПВР да стане одржлив елемент за тренинг центарот на јавната администрација;
  • Спроведена ПВР обука за 50 ПВР фокусни точки од државните институции.

Проектот е поддржан од Британската амбасада



business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk