Поддршка за реформите во јавната администрација

Проектот опфаќа поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација во процесот на реформи на јавната администрација.

Период 01.01.2011 - 30.06.2013

Донатор: Британска амбасада преку ДИВ (Дипломатски влијанија и вредности)

Краен корисник на проектот: Министерство за информатичко општество и администрација

Главна цел:

Поддршка на Министерство за информатичко општество и администрација во воспоставување и менаџирање на процесот на управувањето со човечки ресурси и воспоставување концепт за учење и развој во рамки на националните реформи во јавната администрација (РЈА)

Очекувани резултати:

Градење на капацитети на Министерството за информатичко општество и администрација за управување со реформите во јавната администрација (РЈА) зајакнати

  • Подготовка на комуникациска стратегија за работата на МИОА и за имплементација на националната РЈА стратегија и соодветни обуки на вработените во МИОА;
  • Имплементација на стандардите за менаџмент на квалитет во МИОА преку Заедничката рамка за проценка на квалитет (КАФ), создаден модел и за другите владини структури;
  • Градење на капацитети на вработените во МИОА за управување со проекти потребни за имплементирање на сегменти од националната РЈА стратегија.

Развиен моделот за управување со човечки ресурси во јавната администрација во владината практика и развивање рамка на компетенции  

  • Подготвена методологија за управување со компетенции како и рамка за компетенции за управувањето со човечки ресурси во администрацијата;
  • Подготвени внатрешни процедури што ќе ја регулираат имплементацијата на управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции;
  • Обука на единиците на човечки ресурси на ниво на јавна администрација и на локално ниво за имплементација на управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции;
  • Обука на единици на човечки ресурси во избрани институции на државната администрација од страна на тим на обучувачи за човечки ресурси, за поддршка на имплементацијата на стандардите на човечки ресурси и стандардите засновани врз компетенциич
  • Oрганизирана национална конференција за мрежа на човечки ресурси во рамките на јавната администрација;
  • Организирана студиска посета – знаење и искуство (know-how) за процесот на имплементација на стандардите на човечките ресурси во пракса.

Подготвен концептот за едукација и развој во согласност со стратегијата за РЈА за спроведување структуриран приод за стекнување и развој на вештини

  • Подготвена физибилити студија за оснивање на Центар за извонредност;
  • Спроведена обука за обучувачи, проширување на постојнoтo генеричкo учење - развивање на капацитетите за новата наставна програма за генеричкo учење (темиte ќе  се дефинираат)
  • Изготвен каталог за обуки и методи за спроведување на обуки
  • Подоготвка на програма за обука и обука на високите претставници (вишото раководство), подобрување на нивните професионални вештини, суштински компетенции, специфични вештини (за техничка работа)
  • Спроведени насочени обуки во најмалку три компетентни базни средини
  • Развиено знаење и искуство (know-how) за воведување на е-учење во јавната администрација.



business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk