Поддршка на мисијата на СИГМА за годишна оценка за напредокот на јавната администрација

Центарот за управување со промени ја подржувa мисијата на СИГМА за годишна оценка на напредокот на јавната администрација во Република Македонија за 2016 година, преку обезбедување на локална експертиза и логистика на персоналот и меѓународните експерти ангажирани од СИГМА. Активностите вклучуваа поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација во организација и координација на состаноци со релевантните институции, обезбедување на релевантни документи, преглед и анализа на доставената документација од институциите и поддршка на подготовката на извештајот на СИГМА.

Период 25.01.2017 - 31.07.2017

Донатор: СИГМА - ОЕЦД

Краен корисник на проектот: Државни институции

Главна цел:

Поддршка на мисијата на СИГМА за годишна оценка за напредокот на јавната администрација

Очекувани резултати:

Оценка на јавната администрација во Република Македонија во следните области:

  • Стратешка рамка за реформа на јавната администрација       
  • Развој и координација на политиките
  • Јавна служба и управување со човечки ресурси
  • Отчетност
  • Обезбедување услуги
  • Управување со јавните финансии        

Проектот е поддржан од страна на СИГМА - ОЕЦД



business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk