Носење промени – добро управување и ефективност во јавната администрација

Проектот е насочен кон подобрување на четири аспекти на управување во јавната администрација. Во проектот ќе се пилотира воспоставување, избор заснован на заслуги и следење на успешноста на ново воспоставената категорија на високо раководство, преку дефинирање на критериуми и стандарди за успешност на избраните и именувани лица во извршната власт. Во рамки на проектот ќе се дефинираат и јасни линии на отчетност меѓу институции во четири сектори, со цел креирање на структура која ќе се развива и ќе ги постигне стратешките цели. Преку проектот ќе се развијат и организациските капацитети на четири институции со цел подобро да функционираат и да ги постигнуваат стратешките цели. Испораката на јавните услуги ќе се подобри преку информациите за граѓаните обезбедени во Каталогот на услуги и врз основа на експертските препораки до институциите за подобрување на услугите

Период 01.08.2018 - 01.03.2020

Донатор: Британска амбасада Скопје

Краен корисник на проектот: Министерството за информатичко општество и администрација

Главна цел:

Проектот го поддржува воспоставувањето на структури и процеси за професионална јавна администрација, преку обучено и стручно високо раководство, дефинирање на индикатори за успешност, унапредување на управувањето со човечки ресурси во четири пилот институции и придонесува за подобрување на јавните услуги

Очекувани резултати:

Компонента 1. Воспоставување на високо раководство засновано на заслуги, во јавната администрација

  • Анализа на правната рамка во однос на предвидените работни места за високото раководство, вклучувајќи критериуми и процедури за избор и/или именување на функционери и оценување на успешноста
  • Компаративна анализа за клучните улоги и надлежности на високото раководство во релевантни земји членки на ЕУ, со препораки за критериуми за компетенции, етички принципи, критериуми за дисквалификација и потенцијални пречки.
  • Критериуми и постапки за избор и унапредување до високи раководни работни места во јавниот сектор
  • Систем на управување со компетенции за работните места за високо раководство
  • Процедури за спроведување на систем заснован на заслуги за високото раководство
  • Систем на индикатори за успешност за оценување на работата на високото раководство

Компонента 2: Структури и процеси за одговорност во четири сектори

  • Анализа на проблемите во организациската поставеност и врските на одговорност и отчетност во четири централни владини институции
  • Воспоставување јасни линии на отчетност и процес на стратешко планирање, во кој сите подредени тела на институциите придонесуваат кон исти секторски цели
  • Подобрени процедури за секторско стратешко планирање и интеграција на стратешките планови на институциите со тематските стратегии
  • Развој на клучни индикатори на успешност за подредените тела
  • Подготовка на процедури за комуникација, следење и известување на подредените тела за подобрено мерење на работата и успешноста
  • Подобрена контрола и мерење на квалитет и квалитетот на испорачаните резултати
  • Градење на капацитетите на средното раководство за управување и раководење
  • Градење на капацитетите на средното раководство за анализи
  • Испорака на специфични обуки

Компонента 3: Унапреден систем за управување со човечки ресурси во четири пилот институции

  • Спроведување на функционална анализа и подготовка на планови за подобрување
  • Подготовка на внатрешни акти за организација и систематизација, описи на работни места
  • Менторирање и обуки за управување и следење на успешност
  • Евалуација на електронските алатки за поддршка на работата на јавната администрација
  • Анализа на правната рамка за обезбедување институционална меморија во институциите на јавната администрација
  • Подготовка на специфични работни процедури за одржување на институционалната меморија во електронски бази на податоци
  • Прибирање на податоци за односот меѓу јавните политики и постапувањето на граѓаните
  • Споделување на знаењето и најдобрите практики за односот меѓу јавните политики и постапувањето на граѓаните
  • Пилотирање на пристапот на креирање на политики заснован на односот меѓу јавните политики и постапувањето на граѓаните

Компонента 4: Подобрена испорака на јавните услуги

  • Внесување на потребните информации во Каталогот на јавни услуги
  • Анализа на закони и подзаконски акти кои регулираат јавни услуги
  • Јавна дебата за испораката на јавните услуги за граѓаните
  • Електронска алатка за подобрување на јавните услуги
  • Промоција на активностите за подобрување на јавните услуги

Проектот е поддржан од Британската амбасада Скопје



Галерија на проектот

Работилница за разгледување на Законот за висока раководна служба и соодветните подзаконски акти

Студиска посета во Лондон за стратешка одговорност и управување со перформанси

Работна посета на Агенцијата за информатички системи на Естонија

Oбука за мониторинг и евалуација на јавни политики

Работна посета на Belgian Federal Public Service Policy and Support (BOSA) и Агенцијата за регрутација (SELOR)

Работилница за стратешка отчетност

Работилница за нов иновативен пристап при креирање политики

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk