Поддршка при креирање политики врз основа на докази во секторот образование

Проектот има за цел да го поддржи Министерството за образование и наука во воспоставување и развој на аналитичко одделение кое ќе озбезбеди креирање политики и носење одлуки базирани на докази и анализи во секторот на образование и наука. Воедно, преку проектот се унапредуваат системите за прибирање и размена на податоци, како и се промовира објавување на отворени податоци.

Период 05.12.2018 - 04.08.2020

Донатор: Британска амбасада - Скопје преку УНИЦЕФ

Краен корисник на проектот: Министерство за образование и наука и институциите во секторот образование и наука

Главна цел:

Унапредување на политиките на Министерството за образование и наука врз основа на зајакната аналитичка функција

Очекувани резултати:

  • Воспоставено аналитичко одделение во Министерство за образование наука за поддршка на процесот на креирање политики и носење одлуки врз основа на докази и анализи
  • Развиен систем за прибирање податоци и известување во институциите на јавниот сектор од областа на образование

Проектот е финансиран од Британската амбасада Скопје, а имплементиран преку УНИЦЕФ



ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk