Програма за парламентарна поддршка

Програмата за парламентарна поддршка ќе го поддржи Собранието на Република Северна Македонија (Собранието) во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.

Програмата за парламентарна поддршка ќе биде имплементирана од Центарот за управување со промени (ЦУП), Националниот демократски институт (НДИ) и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.

Период 01.07.2018 - 31.12.2029

Донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка

Краен корисник на проектот: Собрание на Република Северна Македонија

Главна цел:

Програмата за парламентарна поддршка цели кон поддршка на Собранието за подобрување на институционалниот кредибилитет и довербата меѓу јавноста преку застапување на интересите и потребите на граѓаните и преку дебата и одлуки до кои ќе се доаѓа на поинклузивен и консензуален начин​.

Очекувани резултати:

  • Институционалниот систем за проверка и рамнотежа (checks and balances) е зајакнат
  • Работата на Собранието е поефикасна
  • Собранието спроведува политичка контрола и надзор над Владата и другите јавни служби
  • Собранието донесува квалитетни закони засновани на добри аналитички информации според предвидлив собраниски календар
  • Собранието има подобрени акти за вклучување на граѓаните
  • Собранието подобро ги информира граѓаните, вклучувајќи ги и маргинализираните групи за својата работа
  • Собранието активно ги вклучува и комуницира со граѓаните/маргинализираните групи и граѓанските организации
  • Граѓаните, вклучувајќи ги и маргинализираните групи имаат зголемени познавања за своите граѓански права и одговорности во процесот на креирање политики

Проектот е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка.



ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk