Програма за парламентарна поддршка | ЦУП

Програма за парламентарна поддршка

Програмата за парламентарна поддршка ќе го поддржи Собранието на Република Северна Македонија (Собранието) во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.

Програмата за парламентарна поддршка ќе биде имплементирана од Центарот за управување со промени (ЦУП), Националниот демократски институт (НДИ) и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.

Период 01.07.2018 - 31.12.2029

Донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка

Краен корисник на проектот: Собрание на Република Северна Македонија

Главна цел:

Програмата за парламентарна поддршка цели кон поддршка на Собранието за подобрување на институционалниот кредибилитет и довербата меѓу јавноста преку застапување на интересите и потребите на граѓаните и преку дебата и одлуки до кои ќе се доаѓа на поинклузивен и консензуален начин​.

Очекувани резултати:

  • Институционалниот систем за проверка и рамнотежа (checks and balances) е зајакнат
  • Работата на Собранието е поефикасна
  • Собранието спроведува политичка контрола и надзор над Владата и другите јавни служби
  • Собранието донесува квалитетни закони засновани на добри аналитички информации според предвидлив собраниски календар
  • Собранието има подобрени акти за вклучување на граѓаните
  • Собранието подобро ги информира граѓаните, вклучувајќи ги и маргинализираните групи за својата работа
  • Собранието активно ги вклучува и комуницира со граѓаните/маргинализираните групи и граѓанските организации
  • Граѓаните, вклучувајќи ги и маргинализираните групи имаат зголемени познавања за своите граѓански права и одговорности во процесот на креирање политики

Проектот е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка.



Галерија на проектот

Комплетиран процесот на имплементација на CAF моделот за управување со квалитет во Собранието на Република Северна Македонија

Поголема парламентарна независност

Директорот за иновации на Националниот демократски институт, Крис Дотен, ја посети Северна Македонија

Видео

Собранието во наредните 10 години ќе биде дел од Програмата за парламентарна поддршка

Собранието на Република Северна Македонија во наредните 10 години ќе биде дел од Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) поддржана од Швајцарија. Целта на проектот е Собранието да ги зацврсти институционалниот кредибилитет и доверба кај јавноста преку застапување на интересите и потребите на граѓаните. 

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk