Работна програма: Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието | ЦУП
Сподели

Работна програма: Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието

Испораката на услуги на граѓаните е суштината на работата на повеќето владини институции. Обврските како плаќање данок, обновување на возачките дозволи, запишувањето во училиштата и аплицирањето за бенефиции, се дел од интеракциите што граѓаните ги имаат со Владата. Подобрувањето на пристапноста на јавните услуги до сите групи граѓани, вклучително и ранливите групи (маргинализираните групи, етничките малцинства, лицата со инвалидитет) е клучно во градењето доверба во владата и спроведувањето на неопходните структурни реформи во согласност со стандардите на ЕУ.

Фокусот на оваа програма ќе биде ставен на овие услуги поврзани со животни настани, поточно 118 услуги што се однесуваат на разни животни настани, категоризирани во осум области:
- Начин и постапка за започнување бизнис 
- Семејство 
- Вработување 
- Учење / студирање 
- Поведување на прекршочна постапка 
- Општа деловна постапка 
- Преместување (на пример, промена на лични документи, добивање информации за јавни услуги на местото на преместување, како што се училишта, болници).

Активностите во работната програма за подобрување на јавните услуги во голема мерка опфаќаат зајакнување на капацитетите на ГО за зачувување на интересите на граѓаните и нивните основни права, со што се придонесува за еден од столбовите на современите демократии - одговорна, транспарентна, партиципативна, инклузивна и ефикасна јавна администрација со висок квалитет на испорака на услуги за граѓаните. Работната програма предвидува партиципативен процес, воден од ЦУП во тесна соработка со мрежите на граѓанските организации и надлежните институции со цел да се идентификуваат мерките на политики за да се обезбеди пристап за сите граѓани кон подобри, побезбедни и поефикасни услуги.

Период 01.01.2020 - 31.12.2020

Донатор: Европска Унија

Краен корисник на проектот: Граѓанското општество, граѓаните, пратениците.

Главна цел:

Главната цел на проектот е да придонесе кон подобрување на јавните услуги за сите граѓани во земјата.

Очекувани резултати:

Резултат 1 - Обезбедување на функција за набљудување на граѓанското општество во повеќето релевантни услуги за граѓаните

Резултат 2 - Зголемен дијалог на граѓаните и граѓанското општество со пратениците и подобрена надзорна улога на Собранието за подобрување на квалитетот на јавните услуги.

Проектот е финансиран од Европска Унија



ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk