Поголема партиципација – подобри политики и регулативи

Промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување одлуки.

Период 01.08.2015 - 31.10.2016

Донатор: Македонски центар за меѓународна соработка преку Цивика мобилитас

Краен корисник на проектот: Граѓански организации, медиуми, државни службеници, пратеници

Главна цел:

Општа цел: Промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации (ГО) во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување одлуки.

Специфична цел: Јакнење на капацитетите на граѓанските организации да делуваат како надзорни тела и регулаторен индикатор во процесот на подготовка на политики и законски предлози преку користење на механизмите, методите и алатиките на ex ante и ex post евалуација.

Очекувани резултати:

Развиени аналитички знаења и вештини на ГО за користење на методите и алатките за проценка на влијанието на регулативата и оценка на политиките.

  • Подобрен капацитетот на граѓанските организации за спроведување на проценки на влијанијата на политиките и евалуација на спроведувањето на политиките, преку обука и менторство.

Подготвени две анализи/студии на случај (1 ex ante 1 ex post оценки) на политики и регулативи (закони, директиви, стратегии, подзаконски акти) во соработка со државните институции.

  • ГО и институциите менторирани во процесот на подготовка на анализите.
  • Изборот на ex ante проценката на влијанието на регулативите направена врз основа на Годишната програма за работа на Владата и Стратегиите на министерствата а во согласност со Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА).
  • Изборот на ex post оценката на политиките направена во координација со ГО и Секторот за регулаторна реформа воедно задолжен и за оценка на политиките (Политика за поддршка на трето дете и кампања за знаењето е сила знаењето е моќ)
  • Обезбедена координација со државните институции од страна на Секторот за регулаторна реформа при МИОА.

Подготовен на Документ за јавни политики со наоди заклyчоци и препораки за одредени клучни политики.

  • Спроведени квалитетни дебати помеѓу граѓанските организации, медиумите, државни службеници и пратеници со конретни аргументи и предлози за определени политики до владата, министерствата и парламентот.
  • Зголемено учеството на граѓанските организации во изработка на регулативите.
  • Создадена клима на искрена соработка меѓу граѓанските организации и владините претставници

Проектот „Поголема партиципација – подобри политики и регулативи“ е поддржан во рамки на програмата Цивика мобилитас преку Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).



Проектот се имплементира во соработка со Институтот за политики и добро владеење (ЗИП).

Галерија на проектот

Истражување на ефектите од екстерното тестирање

Работилница на тема - Анализа на политики темелена на докази

Обука на тема - Креирање политики темелени на докази

Обука на тема - Проценка на влијание на регулативата (ПВР)

Промоција на проектот: Поголема партиципација - подобри политики и регулативи

Презентацијата на истражувањето „Придобивките и трошоците од воведување на електронски административни услуги“

Обука за cost-benefit анализа

Видео

Анализа на трошоците на екстерното тестирање

Г-ѓа Гордана Стефковска Вељановска дава преглед на направените трошоци за спроведување на екстерното тестирање во период од пет години.

Неда Малеска Сачмароска за ТВ 24 Вести

Изјава на извршната директорка на Центарот за управување со промени - Неда Малеска Сачмароска за ТВ 24 Вести. Кои беа наодите за екстерното тестирање кои Центарот за управување за промени ги објави во септември 2016. Целото истражување е достапно тука, додека пак овде можете да го најдете инфографикот . 

Поголема партиципација - подобри политики и регулативи

Промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување одлуки.

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk