Настава на далечина - Компаративна анализа | ЦУП
Сподели

Настава на далечина - Компаративна анализа

Автор:

година: 2020

Ковид 19 донесе нова реалност на светско ниво. Во обидот да се справат со т.н. „невидлив непријател“, пристапот на државите е различен, но во наглиот, општ удар врз економијата, образованието е еден од најпогодените сектори, а последиците од принудниот прекин на наставата се - далекусежни. За да го спречат ширењето на пандемијата, повеќето влади низ целиот свет привремено ги затворија образовните институции на сите нивоа, но тоа, на национално ниво, директно влијае врз 60% од популација, односно онаа опфатена со образовниот процес.

Преминот - од кабинетска настава во електронска настава - не е воопшто едноставен зафат, оти освен соодветна техничка инфраструктура и одредено ниво на познавање дигитални вештини, за спроведување на процесот на учење бара и огромна поддршка од семејството. Новата ситуација создаде исклучителен стрес не само за наставниците, втурнати во нова, неочекувана задача, туку и за учениците, бидејќи мораа да ги заменат дневните училишни активности и начинот на дружење со работни обврски добивани по електронски пат. Секако, и многумина од родителите се најдоа под исклучителен притисок во обидот да им помогнат на децата колку е можно побргу и побезболно да се усогласат со рапидните промени.

Бидејќи е сѐ поизгледно дека организациските предизвици околу образовниот процес ќе траат подолг период, неопходно е подготвено да се соочиме со нив, односно да се осмисли примена на пристап најсоодветен според постојниот, домашен образовен модел. Во обидот да се даде удел во креирањето мерки што би ги адресирале предизвиците, ја подготвивме оваа компаративна анализа на докажано ефикасни искуства при спроведувањето настава на далечина. Анализата го опфаќа спроведувањето на мерките за настава на далечина во периодот од март 2020 година до јуни 2020 година, а за пример ги зема Република Хрватска, Република Ирска и Велика Британија. Се разбира, нивните образовни политики се само дел од мноштвото тековни зафати на националните образовни системи насекаде низ светот, но тие модели конкретно се избрани поради иновативноста на пристапот и поради приказот широка палета исклучително важни аспекти при креирањето кохерентен и сеопфатен пристап за организирање настава на далечина.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk