Поголема партиципација - помала можност за корупција | ЦУП
Сподели

Поголема партиципација - помала можност за корупција

Автор:

година: 2014

Коруптивните практики во јавната и во приватната сфера ја девалвираат довербата неопходна за одржување и развој на стабилни економски и социјални релации, со тоа што ги уништуваат темелните вредности поставени во највисоките правни документи. Коруптивното однесување е спротивно на владеењето на правото, на демократијата и на човековите права, затоа што го омаловажува доброто владеење, фер пристапот и социјалната правда, ја уништува конкуренцијата, економскиот развој и стабилноста на демократските институции и ги поткопува моралните основи на општеството.

Појдовната основа на ова истражување беше тезата дека еден од начините за борба против корупција е транспарентноста и отчетноста на креаторите на политики, и засиленото учество на граѓаните во процесот на носење одлуки, особено на локално ниво. Оттаму, за да се сузбијат условите што поттикнуваат корупција, процесот треба да биде - инклузивен, односно еднакво да ги вклучува граѓаните засегнати од одредена одлука, но и - транспарентен, односно да дава можност и механизми за финансиска контрола, јавност и мониторинг на имплементацијата на политиките, а особено на општинскиот буџет и на јавните набавки. Затоа, oсновната цел на истражувањето е да се утврдат добрите практики, но и недостатоците во однос на процесот на партиципацијата на граѓаните на општинско ниво, и можноста за финансиска контрола на граѓаните врз актите на општината, а паралелно наодите да се споредат и со практиките на земјите членки на Европската Унија. 

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk