Извештај за ставовите и мислењата на граѓаните за квалитетот и услугите во јавното здравство | ЦУП
Сподели

Извештај за ставовите и мислењата на граѓаните за квалитетот и услугите во јавното здравство

Автор:

година: 2018

Националниот здравствен систем во нашата држава во најголем дел (80-90 проценти) се заснова на солидарниот систем кој постоеше и пред осамостојувањето и е финансиран од придонесите за здравствено осигурување на вработените, со дополнителни измени во текот на овие 26 години постоење на самостојна Македонија. Вкупно 7,8 проценти од брутоплатата на осигурениците одат во Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Доколку не ги употреби осигуреникот, секако, нема поврат на овој дел од придонесите бидејќи неговите 7,8 проценти од платата се слеваат во целокупниот фонд и се користат за лекување на оние на кои им е потребно лекување во тој момент. Со позитивни политики и реформски зафати ќе има и позитивни промени, а со тоа ќе се намалат проблемите во сите сегменти на здравството. Треба да се направат национална стратегијата и реформи кои ќе овозможат Македонија да се приближи до европското здравство, како и да го модернизира и унапреди. На ваков начин јавното здравство ќе успее да обезбеди квалитетни услуги од кои ќе бидат задоволни и пациентите и лекарите. 

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk