Прирачник за менторство | ЦУП
Сподели

Прирачник за менторство

година: 2019

Менторската програма вклучува пренесување на знаење, поддршка, насоки и совети за малите и средните претпријатија, кои треба да придонесат за подобрување на нивната конкурентност преку воведување одредени стандарди за работење. Менторството ќе се испорача во форма на помош за имплементирање на потребен стандард, спроведена преку консултантски денови испорачани од страна на Менторот (консултантска куќа, експерт) за претставниците на малите и средни претпријатија (МСП) кои се предмет на менторство. Менторството може да биде спроведено и од страна на мултинационалните компании, врз основа на оваа програма, во зависност од интересот и афинитетите на МСП. Важен момент е стручноста и искуството кои можат да ѝ донесат различна перспектива на менторираната компанија. Менторството може да биде многу ефективен метод за пренесување стручност и вештини во рамките на МСП. Придобивките од менторската програма ги вклучуваат следните елементи: • зголемено разбирање на важноста и придобивките од воведување стандарди во работата на МСП; • развој на структуриран процес со кој одредени стандарди ќе станат интегрален дел од сите фази во работата на компанијата; • проценка на напредокот на компанијата темелен на докази; • подобрени стратешки деловни иницијативи; 9 • подобрена продуктивност; • зголемување на трансферот на знаење од преземени информации до нивно пренесување во практично искуство и добивање препораки во работењето; • критички повратни информации во клучните области, како што се комуникации, меѓучовечки односи, технички способности, управување со промени и лидерски вештини; • стекнување специфични вештини и знаења кои се релевантни за личните цели; • пристап до искусен консултант со кој ќе може да се споделат фрустрациите, како и успесите; • подобро разбирање на општите трошоци и структури на трошоци.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk