Протокол за постапување и унапредување на соработката помеѓу Владата, институциите, домашните МСП и мултинационалните компании | ЦУП
Сподели

Протокол за постапување и унапредување на соработката помеѓу Владата, институциите, домашните МСП и мултинационалните компании

година: 2020

Овој Протокол за постапување, претставува документ кој има за цел да ја афирмира соработката помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании во земјата, како и вклучување на домашните претпријатија во синџирот на додадена вредност. Протоколот за постапување е изготвен за сите учесници во процесот на понатамошен развој, одржување и промовирање на интеринституционална и интерсекторска соработка. Сите засегнати страни треба да соработуваат во развивањето, одржувањето и промовирањето на соработката помеѓу домашните МСП и МНК, согласно овој Протокол, за исполнување на целите. Протоколот произлегува како резултат на активностите реализирани во рамки на проектот финансиран од Делегацијата на ЕУ: „Намалување на јазовите помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании“, имплементиран од Институтот за економски истражувања и политики – Finance Think и Центарот за управување со промени – ЦУП. Целта на овој Протокол е да се воспостави одржлива и квалитетна интеринституционална и интерсекторска соработка помеѓу различните институции/ организации за обезбедување на понатамошен развој, одржливост и континуирана имплементација на планот за економски развој и подобрување на бизнис климата во земјата, како и за поголема соработка помеѓу домашните МСП и МНК. Да се развие и имплементира заеднички систем за редовно прибирање на податоци и информации за моменталната состојба на пазарот на стоки и услуги, идната побарувачка и понуда и за приоритетните области на соработка и нивно споделување од страна на засегнатите страни вклучени во процесот. Да се воспостават механизми и институционални договори што им овозможуваат на засегнатите страни вклучени во процесот на поттикнување на економски развој, да ги комбинираат своите ресурси, за ефективно и ефикасно создавање на професионален, технички, истражувачки и управувачки кадар што ќе го планира и управува развојниот процес, општо и во сите сектори;

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk