Реформи на јавната администрација во програмите на политичките партии | ЦУП
Сподели

Реформи на јавната администрација во програмите на политичките партии

Автор: Наталија Шукова, Ана Нешовска

година: 2016

Модерните демократии ја подразбираат јавната администрација првенствено како сервис на граѓаните и на јавноста, а не како средство на моќ на Партијата и на државата. Основната улогата на администрацијата се подразбира и се изведува врз основа на принципите врз кои таа треба да функционира како што се транспарентност, јавност, отчетност, јавна контрола на администрацијата како и обезбедување форми, методи, активности и создавање услови за таа професионално и непристрасно да ги остварува своите перформанси. Она што е неспорно е дека модерно, рационално и ефикасно функционирање на јавната администрација е суштински и незаменлив предуслов за економски раст. Оваа анализа се осврнува на програмите на политичките партии за предвремените парламентарни избори кои ќе се спроведат во декември 2016 година и настојува да покаже дека во нив недостасува теоретско и најмногу практично ниво за достигнување и доследна примена на современ концепт на демократска јавната администрација.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk