Колкав и каков јавен сектор имаме ? | ЦУП
Сподели

Колкав и каков јавен сектор имаме ?

Автор: Драган Гоцевски, Неда Малеска - Сачмароска

година: 2017

Големината и опсегот на јавниот сектор на една земја не може да се дефинираат само преку прашањето „колку луѓе работат во јавниот сектор?“. Ниту, пак, е едноставно да се даде одговор на прашањето колку луѓе треба да работат или колку вработени е „нормално“ да има во јавниот сектор. Во оваа анализа ќе понудиме толкување на неколку карактеристики на јавниот сектор согледани од повеќе аспекти, со кои ќе дадеме одговори токму на тие прашања: колку голем треба да е јавниот сектор, дали е скап, дали и колку е квалитетен, и дали јавниот сектор во Македонија ја прави Европска земја или не. Во ова истражување, покрај вкупниот број вработени во јавниот сектор во Македонија, се служиме и со други показатели за општата големина на јавниот сектор: генерален тренд на вработувања во јавниот сектор во одреден период, неговата структура по дејности, родовата структура, платите во јавниот сектор, уделот на јавниот сектор во однос на вкупното население на државата, како и уделот на општинските администрации во однос на населението по плански региони и уделот на вкупното генерално трошење на владата во бруто домашниот производ. Користените параметри се споредени со земјите од Западен Балкан и Европа со цел да се лоцира генералниот тренд на Македонија во однос на другите земји. 

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk