Прирачник за истражувачко новинарство и пристап до информации | ЦУП
Сподели

Прирачник за истражувачко новинарство и пристап до информации

Автор:

година: 2017

Овој прирачник за истражувачко новинарство и пристапот до информации е алатка за секојдневна употреба и е наменет, пред сè, за студентите по новинарство и за младите новинари кои имаат желба и можност да се занимаваат со истражувачко новинарство. 

Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демократските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владеење, промовирајќи го јавниот интерес. Истражувачкото новинарство се изучува како предмет на факултетите по новинарство, а професионалните медиуми издвојуваат посебни средства за новинарски истражувања и ги обучуваат своите новинари како да истражуваат. Истражувачкото новинарство се остварува врз основа на воспоставени правила и стандарди. За работата на истражувачките новинари значајно е почитувањето на моралните норми на новинарската професија и на законската рамка за пристап до информациите од јавен карактер.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk