Нашиот тим

Ивана Ќуркчиева

Проектен асистент

Ивана Ќуркчиева во моментот е ангажирана како проектен асистент во Центарот за управување со промени. Претходното работно искуство опфаќа ангажман како технички асистент во италијанската Меѓународна организација Југ-Југ, во рамки на ИПА проектот, Прекугранични локални партнерства за борба против трговијата со луѓе во Р. Македонија, Р. Албанија и Босна и Херцеговина. Со  посебен интерес за воспитниот процес на децата, има волонтирано неколку месеци во ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин”, и во летната школа на Монтесори центарот во Скопје. Има учествувано во oбука за Зајакнување на Европските граѓани, подржано од Британски Совет, а во рамки на истата учествуваше во спроведување на работилница за Инклузија на луѓе со физичка и/или интелектуална попреченост заради зајакнување на активното граѓанство. Во моментот е дел од обука во рамки на проектот Поголемо учество - подобри политики и регулативи, поддржано од Civica Mobilitas. Има дипломирано социологија на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а магистрирано социјална политика на ,,Универзитетот во Белград”, на Факултетот за политички науки. Дополнително се интересира за графички дизајн, и има посетувано курс за Adobe Illustrator вo Semos Едукација здобивајќи се со сертификат. Активно се користи со англискиот јазик, а се усовршува во грчкиот и италијанскиот.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk