Нашиот тим

Мартин Тодевски

Проектен менаџер

Мартин Тодевски е магистер по електроника и информатички технологии. Тој има широко професионално искуство во проекти од областа на е-Влада и реформи во јавната администрација. Покрај учество на проекти, бил вклучен во неколку значајни стратешки и легислативни политики, како што е изработката на Националната Стратегија за е-Влада 2010 – 2012, изработка на законската рамка за електронско управување, координација на имплементацијата на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација. Тој е автор на методологијата „Барометар за квалитет на институции“ и менаџер за квалитет за ИСО 9001. Исто така, се има фокусирано и на проекти од областа на е-вклучувањето, вклучувајќи ја изработката на Националната Стратегија за е-вклучување 2011 – 2014.

Мартин Тодевски беше офицер за врска за Македонија за Регионалната школа за јавна администрација РеСПА, сместена во Даниловград, Црна Гора, каде беше вклучен во период од 5 години за поддршка на РеСПА во организирање на настани за обуки, поддршка на експертските работни групи и споделување на информации помеѓу земјите членки на РеСПА.

Тој е сертифициран проектен менаџер по PRINCE2, како и сертифициран обучувач и аудитор за Заедничката рамка за оценка – CAF. Има учествувано на повеќе обуки и студиски посети за менаџмент, комуникациски вештини, информатички технологии, политики за реформи во јавната администрација и е-Влада. Автор е на неколку трудови кои се објавени во меѓународни публикации и конференции. Одлично го користи англискиот јазик, а се служи и со германскиот и францускиот јазик.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk