Нашиот тим

Наталија Шикова

Член на одбор

Наталија Шикова е поранешен програмски координатор на Центар за управување со промени.

Нејзиното претходно работно искуство се состои од: новинар во неделник; локален консултант на Групата за управување со конфликти (НВО од Харвард (САД) за помирување; неколку години работно искуство за УНДП Македонија како координатор за заедниците во кластерот за спречување на криза и обнова со цел адресирање на нелегалната употреба на мало и лесно оружје, како и градење на безбедни заедници во областите погодени од конфликтот; асистент на проект поддржан од Амбасадата на Велика Британија во Македонија реализиран во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија со цел зајакнување на административните капацитети за ЕУ ​​интеграција; асистент на проект поддржан од Амбасадата на Велика Британија во Македонија спроведен во Министерството за информатичко општество и администрација наменет за поттикнување и поддршка на реформите во јавната администрација; проектен координатор на ЕУ финансираниот проект Мрежата 23, чија цел беше да се постави механизми за мониторинг и евалуација на спроведувањето на политиките во однос на Поглавје 23 од правото на ЕУ; координатор на проект поддржан од ЕУ, дел од граѓанската мрежа за спречување на судир на интереси "Поголемо учество - помалку можности за корупција" и координатор на проект "Поголема партиципација- подобри политики и регулативи", во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, со цел спроведување на владеењето на правото преку зголемено влијание на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки и евалуација на јавните политики. 

Шикова е доктор на правни науки и поседува докторат по меѓународно право на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Македонија. Автор на книга и автор и ко –автор на повеќе статии и документи за политика, објавени во домашни и меѓународни списанија кои се занимаваат со мерки за градење доверба, толерантно општество, соработка, реформи во јавната администрација, демократијата и човековите права, уредник на прирачници и публикации.

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk