Јасна Пајковска

Проектен менаџер

Јасна Пајковска има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирано на Филозофскиот факултет во Скопје во областа Менаџмент на Човечки Ресурси во општествените дејности, претприемништво и развој на човечките ресурси во организациите. Тековно е докторант на Институтот за социјални и правно-политички науки во Скопје на тема “Влијание на организациските структури и организациската култура врз ефективноста на организациите„.

Јасна Пајковска има искуство во финансии, претприемништво и управување со човечки ресурси. Има учествувано на повеќе обуки за развој на човечки ресурси, комуникациски вештини и претприемништво, исто така активен член е на Македонската асосцијација за човечки ресурси. Таа има работено на проекти во областа на културен развој на деца без родители и проценка на процесот на националната интеграција на основните училишта во земјата. Моментално е координатор на проектот “Намалување на јазот меѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании на територијата на РМ„ како дел од тимот на Центарот за управување со промени - ЦУП. Одлично го користи англискиот јазик, а се служи и со германскиот јазик.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk