Центар за управување со промени | Нашиот тим

Ана Јанкулоска

Проектен асистент

Ана Јанкулоска е магистер по човекови права и демократија на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, со магистерска теза “ Слобода на религија, современи искуства и тенденции”

Во однос на професионалното искуство, Ана е ангажирана во невладин сектор уште од 2009 година, најпрво волонтерски, а потоа и професионално. Отсекогаш била поддржувач на граѓански организации кои се борат за промени во општетството, а неретко била вклучувана и во нивни активности и настани. По магистрирањето работи на организација на настани и концерти како канцелариски и ПР менаџер, а подоцна се вработува како правен советник во синдикат каде подетално се запознава со прашања поврзани со синдикализам, работнички права, младински проблеми, социјална правда, социјален дијалог и слично, каде стекнува богато практично искуство.

Во меѓувреме во повеќе наврати учествува на многу тренинзи, младински размени и програми, воглавном од Еразмус плус програмата, а подоцна е претставник на Македонија на бројни конференции организирани од Меѓународната организација на трудот, Европскиот Младински Центар и Европскиот совет. Има учествувано на многу студиски посети каде практично се запознава со функцонирањето на Европската Унија и се стекнува со бројни сертификати, меѓукои и сертификат за младински лидер.

Предмет на нејзин приватен и професионален интерес се човековите права, социјалната заштита, родовата еднаквост, подигнување на еколошката свест, мултикултурализмот и антидискримнацијата. Долгогодишен активист е и поборник за благостостојба на уличните животни. Одлично зборува англиски, а се користи и со шпанскиот во неформална комуникација.

Моментално е ангажирана во Центарот за управување со промени како проект асистент на Проектот за микро-претпријатија на жени во прекуграничната област.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk