Бранка Минчева - Коцевска | ЦУП
Сподели

Бранка Минчева - Коцевска

Надворешен експерт

Бранка е доктор по филозофски науки, со специјализација во областа на Етиката. Поседува долгогодишно работно искуство во областа на креирање на политики за управувањето со човечки ресурси, реформа на јавната администрација, организациски развој и спроведување на функционална анализа, креирање на програма и испорака на обуки, принципи на добро управување и етика во јавната администрација и сл.

Работи како независен консултант со домашни и меѓународни организации во областите поврзани со реформата на јавната администрација, развој на политиките за управување со човечки ресурси, градење на капацитетите на администрацијата за добро управување, а активно работи и во областа на родовата еднаквост, односно воведување на родовата перспектива во креирањето на политиките. Таа е сертифициран практичар и обучувач за спроведување на функцонална анализа од страна на ENAIP, Milano, Italy, а поседува големо искуство во развој и испорака на генерички и tailor-made програми за обука.

Како независен истражувач, нејзините интереси се главно насочени кон анализа на можностите за воспоставување на мирна коегзистенција и одржлив развој, базирани на глобалните морални стандарди. Таа е автор и ко-автор на повеќе трудови, прирачници и публикации.

 

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk